После вториот панел на Webit 2010 каде што беа претставени потенцијалите на маркетингот преку мобилни телефони следуваа две чисто комерцијално презентации, за кои презентерите не се потрудиле ниту да бидат забавни. Меѓутоа наредните две презентации „The new video eco-system “ на Andy Chen од MTV Networks International и „The evolution of web TV – trends, challenges and possibilities“ на Marcus Harwall, директор на Nova TV беа доста интересни и корисни.
Тоа што може да се извлече како заклучок од двете презентации е согласувањето на двајцата презентери дека поради сложениот еко-систем на видеото се уште никој не знае како да прави пари иако сите вложуваат и се натпреверуваат во тоа поле. Andy беше премногу директен и рече дека ако некој ви каже како знае да заработува со видео ве лаже. На Marcus предвидувањето е дека никој нема ни да знае во наредниве две години. Меѓутоа и двајцата ги детектираа предизвиците и можностите на олајн видео огласувањето.
Што се случува?
Луѓето сакаат содржина, особено видео содржина која за нив е поинтересна отколку читање на текст. Развојот на дигиталната технологија го направи видеото се популарно и достапно. Скоро секој произведува некоја форма на видео, а поради онлајн видеото интернет сообраќајот ќе се зголеми за 4 пати до 2014. Сето ова придонесе до појава на нов модел на пренесување и конзумирање на видео содржината. Тоа е „microcast“ моделот кој е спротивен на „broadcast“ моделот и кој фундаментално го менува начинот и дополнително го усложнува еко-системот на видеото.
Уште неколку брзи факти за онлајн видеото:
- 1/3 од севкупниот интернет сообраќај отпаѓа на онлајн видео
- Наспроти верувањето дека луѓето на интернет не гледаат долги видеа податоците покажуваат дека од просечни 4.8 миниту во 2008, луѓето сега во просек гледаат по 9.5 минути видео на веб платформите и се предвидува дека до 2013 ќе се дуплира и ќе изнедува 18.5 миниту во просек. Ова значи дека полека може да почнеме да зборуваме за веб ТВ, а не за онлјан видео.
- Моменталниот голем сообраќај на веб платформите за онлајн видео не значи дека се конвертира во заработка
Експлозија на онлајн видеото
Огласувачите потрошиле повеќе од 12.1 милјарди долари на интернет во првата половина на 2010 и тоа претставува 11.3% повеќе од ланската година. Видео огласувањето пораснало за 48% оваа година и се очекува да достигне 16.1 милјарди долари до 2012.
Предности на онлајн видео огласувањето
Според Marcus Harwall од сите форми на онлајн огласување најефективен медиум е онлајн видеото затоа што е за разлика од банер кампањите има:
- 10-50 пати поголем CTR.
- 19 пати поголема стапка на конверзии
Исто како и во другите онлајн кампањи за ефективноста пресудни се следниве фактори:
- Позиционирањето на огласот
- Оптимизација на целната страница (landing page). Најдобро е да се има повеќе верзии за да се измери која од нив ќе даде најголем резултат односно најголема стапка на конверзии
- Храброст да се биде креативен
Погледнета ја целата презентација на Marcus Harwall. Иако дел од податоците ви ги пренесов, внатре има уште доста интересни факти за моќта на огласувањето преку онлајн видео.
Pingback: Tweets that mention [Webit] Иднината на огласувањето е онлајн видеото? - К О М У Н И К А Ц И ИК О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com
Question!
"Наспроти верувањето дека луѓето на интернет не гледаат долги видеа податоците покажуваат дека од просечни 4.8 миниту во 2008, луѓето сега во просек гледаат по 9.5 минути видео на веб платформите и се предвидува дека до 2013 ќе се дуплира и ќе изнедува 18.5 миниту во просек. Ова значи дека полека може да почнеме да зборуваме за веб ТВ, а не за онлјан видео."
Бидејќи стои „во просек“ ме интересира ова значи дека луѓето гледаат подолги видеа, пример гледале видеоа од 5 мин сега гледаат од 15? или значи дека гледаат повеќе кратки видеа од претходно па со тоа се зголемува и минутажата, пример место 2 кратки видеа по 4 мин. тие сега гледаат 5 видеа по 4 мин?
Знам дека YouTube го зголеми лимитот од 10 на 15 но мислам дека тоа се должи на техничките можности, одошто на корисничките навики.
Pingback: Tweets that mention [Webit] Иднината на огласувањето е онлајн видеото?К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com
Во презентацијата тој податок беше претставен како average consumer viewing time. Немаше таква поделба дали тоа значи дека гледаат подолги видеа или дека само гледаат повеќе кратки видеа.