Вчера бев присутен на третиот дел од конференцијава кој се одржа во Скопје.
Морам веднаш да признаам дека за разлика од првиот пат (Холидеј ин) каде очигледно се беше подготвено само за медиуми, (колку ова успеа можете да проверите во мојот претходен пост) оваа етапа беше она вистинското. Презентери на место (со мали домашни исклучоци) презентации со погодена тема и одлично презентирани. Мене особено ми се допадна Mr. Ian Brown од University College London кој во својата презентација ни ги откри не само прекршените слободи во Кина и С. Арабија туку и во САД, Австралија, Финска, Франција и Велика Британија. Верувале вие или не и во овие земји има филтрирање на информациите и сајтовите. Повеќе на овие теми обидете се на Digital Civil Rights in Europe.
Се на се` овојпат не бев воопшто разочаран од излагањето, за жал не можев да останам до крај за дискусијата но и сепак носам позитивни впечатоци.
Уште едно за жал, овој пат за посетеноста. Мислам дека ако не некој други барем требаше да има повеќе новинари, не за да пренеуваат за настанов туку за да слушаат. Барем оние новинари кои имаат претензии кон онлајн новинарството кое ни оди многу слабо. Но што е тука е.
Се разбира извештај направи и МИА и Метаморфозис
koj od blogerive dojde?
ja sakav, ama bev na fakultet..