Медиумско огледало – извештај за септември 2005

НВО Инфоцентарот ги објави резултатите од својата втора анализа на работата на медиумите во МК. Генерално резултатите се исти со оние кои беа забележани по првиот циклус на следење (пост, Медиумско огледало).

НВО Инфоцентар Медиумите во Република Македонија, во следењето на општествено-политичките процеси и настани, и натаму, користат загрижувачки висок степен на анонимни извори. Ваквата тенденција бележи пораст и медиумите најчесто не ја наведуваат причината заради која се повикуваат на непрецизни и анонимни извори на информации. (повеќе)

Мене при читањето на овој извештај ми се причини дека е направен copy/paste на првиот. Но очигледно ситуацијата е таа и не се подобрува.

Имам две генерални забелешки на работата на стручниот тим.
Прво: Гланите проблеми тие ги лоцираат во анонимните извори. А ова истражување го прават:

НВО Инфоцентар За потребите на овој мониторинг, прв од ваков вид во државава, е изготвена посебна методологија која беше тестирана од страна на тимот составен од уредник, аналитичари (4) и монитори (11).

Второ: Не можев да дознаам никаде дали ова истражување ги следи само информативните емисии (читај вести) или нешто повеќе. Бидејќи резултатите укажуваат само на вести.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Медиумско огледало – извештај за септември 2005

  1. melbourne aus airpor 21/11/2012 at 04:37

    Belva Plain~ How helpless we are like netted birds when we are caught by desire

Comments are closed.