6 #ПрегледВоПеток

Еве нѐсо уште еден #ПрегледВоПеток во кој ќе читате за најинтересните актуелности во светот на дигиталните комуникации изминатите 7 дена. Има тука сенешто, од новите тестирања што ги прави Фејсбук и поради кои на брендовите (и агенциите) им се дига косата на главата, преку генијалната кампања на Еминем за новиот албум, до кој друг ако не „Алгоритамот”, сега аплициран и во светот на онлајн дејтингот. Да, да, добро прочитавте, сите ние за кои и Тиндер не врши работа, ќе имаме нова шанса благодарејќи на „Алгоритамот”. А сега веќе не е толку лош, а?

Но, да одиме.

  1. Сине цел ден си надвор, земи изиграј некоја игрица на компјутер. Откако гејмингот го покажа својот капацитет за монетизација, и тоа не само in-game, туку и како врвна и свежа форма на популарна култура (преку) која може да (се) продава, беше очекувано дека од маркетиншки аспект ќе се развива во сличен правец како и традиционалните спортови. Деновиве се случи една од најголемите најави во тој поглед. Соработка на, ни помалку ни повеќе, EA и FIFA за ни помалку ни повеќе FIFA eWorld Cup. Квалификациите започнуваат наскоро.
  2. Мечни ме, мечни, ако слике лажу. Ако Tinder го револуционизираше онлајн состанчењето во однос на eHarmony, Match и OkCupid, сега имаме најава за нешто што ќе биде во иста мера револуционерно. Толку револуционерно што ќе треба да се утепаме пак ако не ќариме. Она што се случува во моментов е експолатирање на моќни language processing и друг тип алгоритми кои се способни да ги анализират текстуалните и визуелните содржини што ги објавуваме на социјалните мрежи и да пронаоѓаат подлабоки бихејвиорални патерни кои ќе се користат за попрецизно мечнување. Со други зборови, сликите можеби можат да не излажат нас, исто како и лајковите, интересите и биото, но не и Алгоритамот кој точно ќе знае која ви е сродната душа. Ако тоа не ви е језивко, еве добра шанса да се усреќите.
  3. Абе брат, ти си по маркетингот, како им се исплати на овие фејсбук да се бесплатни? Седи да ти кажам нешто. Главната тема на неделата. Се измачивме додека ги натеравме клиентите полека да почнат да сфаќаат дека треба да се работи на оригинална и релеванта содржина, да се гради прецизно таргетирана публика и да не се користат приватните профили за рекламирање на брендот. Но, со промените кои фејсбук ги тестира во неколку држави, вклучително и соседна Србија, можно е да излезе дека Маца Нокти Ангеловска е во подобра позиција од сите нас. Имено, Фејсбук тестира посебен фид, во кој ќе ги тргне сите неплатени објави на пејџовите. На основниот фид ќе се појавуваат само објави од вашите пријатели, како и спонзорираните објави на пејџовите. Па како после да не ти дојде да искочиш на тераса и да се дереш: „Дупе вам је зинуло за паре!“
  4. Но, не се секирајте, ќе му го најдеме крајот како и секогаш до сега. Едно од можните потенцијални решенија, кое и сега функционира екстра за одредени брендови и продукти е рекламирањето со помош на Фејсбук групите. Затоа и не е чудно што Фејсбук во континуитет работи на подобрување на корисничкото искуство токму во рамки на групите. Последно, промовирани беа неколку алатки кои треба да го унапредат администрирањето на групите и поврзувањето меѓу членовите.
  5. А, кај ви се канцелариите? Како мислиш во Gmail? Google ги претстави Add-ons for Gmail – додатоци кои можете да ги инсталирате и да префрлите еден куп од канцелариската работа во вашиот Gmail account, од меѓусекторска колаборација, преку HR и CRM активности, до фактурирање и електронско потпишување. Списокот на достапни додатоци и сега не е мал, а сигурно ако корисниците ги прифатат овие иновации, ќе се развие мошне брзо.
  6. Ако некој нѐ праша што е тоа маркетинг.Иако уште нема официјална потврда дека станува збор за кампања за новиот албум на Еминем, веќе е јасно дека тимот за промоција на Еминем одржа глобален час по маркетинг. Оставија суптилни траги дека нешто ново се случува, што беше доволно најверните фанови да тргнат во потрага по докази дека новиот албум е тука. Она што почна да се разоткрива во таа потрага ја покажа сета генијалност на кампањата и не потсети зошто го засакавме маркетингот на прво место.
  7. Performance marketing ante portas. Неслучајно една од главните теми на овогодинешниот AllWeb е Performance marketing. Иако поспоро и во помал обем, и во Македонија почнуваат да се користат можностите и алатките за мерење, аналитика и оптимизација на резултатите од маркетинг кампањите. Порано или подоцна, сите ќе мораме да ги совладаме креирањето и толкувањето на извештаите, барем на најпознатите платформи за рекламирање и аналитика. За таа цел еве едно линкче кое можеби ќе ви помогне во транзиција од креирање на извештаиите во Ексел, кон нивно креирање во рамки на самите алатки – во конкретниов случај во Google Analytics. За повеќе на тема Performance Marketing, резервирајте го вашето место на AllWeb до крајот на октомври по EarlyBird цена и заштедете 50 евра по влезница.

Поздрав до идниот #ПрегледВоПеток и покана да го споделите го со нас во коментари или во порака на социјалните мрежи сето она што сметате дека е интересно и вредно за споделување.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.