154 #ПрегледВоПеток – Meta, Instagram со линкови, Squid Game…

Искористи линк во стори на Instagram? 🙂 Хајлајт на неделата е ова а сѐ останато во продолжение на овој последен октомвриски #ПрегледВоПеток ….

Достапни линкови во story за сите Instagram бизнис акаунти

Опцијата на ставање линкови како стикер наместо со swipe up на story, беше промовирана од Instagram во Август и конечно стана достапна за сите од 27.10.2021. За брендовите, ова со сигурност значи дека фокусот за комуникација со корисниците и фановите ќе биде дефинитивно на содржината креирана за story.

Па ако сѐ уште не си ја искористил оваа опција за твојот бизнис акаунт или за акаунтот на некој клиент – 3, 2, 1 GO!

Facebook Inc. станува Meta

Веќе беше најавено и се очекуваше, ама во јавноста беше пуштена шпекулација дека Facebook ќе го менува своето име во Metaverse, сепак тука некаде е. Холдинг компaнијата која стои зад Facebook, Instagram, Oculus VR и серија други сервиси и уреди отсега ќе се вика Meta. Не, како што пишавме и претходниот преглед, апликацијата/сервисот Facebook нема да го смени своето име… а за да не разберете погрешно изутринава веројатно ве пречека и такво известување во самата апликација, така?

Она што е далеку поважно, од самата манифестација за промена на фокусот кој Марк сака да ја направиме се сите други новитетите кои вчера беа претставени на Facebook Connect виртуелниот настан.

Марк најави нова социјална виртуелна реалност со Horizon Home, која ќе го користи Oculus Quest 2 VR сетот а целта е да ги поврзе и забавува корисниците во виртуелниот свет. Згора на ова ќе може да правите и VR повици преку месинџер а на настанот беше пуштен и мал тизер за нови AR наочари (Azeray) како и нов high-end VR сет (Project Cambria).

Facebook ќе се фокусира на помладата публика

Не знам за вас, но во последните неколку години Facebook мене лично ми служи само како информативна платформа и ништо повеќе. Чат-пат ќе прсне смеење од некоj заборавен memory пост или коментар на тетка што сама си прави муабет во коментари под рандом објава од некој портал.

Изгледа и на мојот “омилен„ директор од индустријата му засметало истото па одлучил дека е време целосната стратегија што ги вклучува сите социјални медиуми во негова сопственост да се фокусира и пренасочи кон помладата публика.

Иако ова за Facebook значи дека бројката на корисници ќе расте сѐ побавно, Марк смета дека ова е правилниот чекор.

Кога станува збор за Instagram, тој е свесен дека TikTok е најсериозниот конкурент што досега влегол во игра, па токму поради тоа Reels и видео содржината ќе биде примарна цел за придобивање и задржување на младите тинејџери и адолесценти.

Ваквите промени ќе траат со години, но сепак целта е таа.

Каде влегуваме ние 30 и кусур годишните во овој свет уште не ми е јасно, но ОК и така имаме криза на идентитет од 2020 па наваму (шмрк).

Squid Game го присвојува Halloween 2021

Очекувано…годинешните костими за Halloween ќе бидат во зелено-бела боја со реден број од лева страна.

Најгледаната серија на Netflix ќе прогласи победа и врз овогодинешниот празник. Тренерките што ги носат играчите во популарната серија ќе ги преплават баровите и улиците насекаде каде Halloween е настан број 1 оваа есен. Амазон веќе со полна пареа ги продава овие костими и тоа најмногу со бројот на главниот карактер 067. Освен тренерките, голем хит се и црвено-црните костими на чуварите како и целосниот аутфит на куклата од првата игра (онаа со крипи песничката).

Што ново има на Twitter, Linkedin, Clubhouse и Pinterest

Twitter ги објави своите Q3 перформанс резултати и се чини дека бројките растат како во корисници така и во профит. Дали ова е доволно за да ги оправда посакуваните проекции и поставените цели за инвестиции, сѐ уште не е јасно. Но, бројот на корисници е поголем за 13% од претходната година, од кои повеќето се надвор од САД, што и не е толку лошо. Но, кога се зборува за пари, тие се главно од САД и тоа нови 94 милиони долари за ова Q3.

Linkedin го олеснува конектирањето на фриленсерите со брендовите преку својот Service Marketplace. Бета тестот беше лансиран уште во Февруари и од тогаш па наваму генерираше повеќе од 2 милиони корисници. Новите филтри за пребарување и напредни опции ќе ги приближат квалификуваните работници со вистинските работодавачи многу полесно и поедноставно. Има мноогу кул и практични опции, па доколку си во потрага на работа, ѕирни, можеби ќе начекаш нешто што ќе ти се допадне.

Модераторите на соби во Clubhouse имаат нова опција за прикачување на надворешен URL. Од Clubhouse објаснуваат дека ова ќе донесе до поголема интеракција со учесниците:

We suspect that people will use Pinned Links in all sorts of fun ways — like playing games, running polls, and sharing links to YouTube videos. Just as importantly, we’re excited to see Pinned Links help room creators drive people to subscribe to their Substack, download their podcast, read their book, go see them at The Laugh Factory, discover their new single, buy their product, and support their Patreon or GoFundMe page..

Clubhouse

Pinterest оди чекор напред во служба на маркетерите со својата MRC акредитација. Ова значи дека метриката на Pinterest ги исполнува стандардите на MRC за обезбедување квалитет и точност. Со други зборови, маркетерите сега можат да се чувствуваат посигурни дека податоците што ги добиваат од Pinterest ги одразуваат вистинските луѓе кои влегуваат во интеракција со нивните реклами за „Pins“ и „Pin“, што може да помогне во поттикнување за повеќе трошење.

Бонус линкови

Од овој преглед па во секој нареден што ќе го пишувам, ќе споделувам предлог серија/филм/документарец. За крајот на овој #ПрегледВоПеток ја издвојувам “The Bilion Dolar Code” на Netflix! Ѕирни ја за викенд па пиши ни мислење. 🙂

Бај.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.