[Webit] Ако се рекламирате офлајн, повеќе од потребно е да бидете присутни онлајн

Вториот ден од конференцијата искрено не ги оправда очекувањата кои ги создадов по добро поминатиот прв ден и по насловите на презентациите кои требаше да ги посетам. Сите, освен една презентација, беа класично продацање на сопствените производи и здодевни. Може да се каже дека денот го спаси Chris Copeland со презентација со наслов „The Future of Engagement: Search, Social or Portal“. Chris не кажа нешто премногу ново или екслузивно, но барем не беше комерцијално ориентиран и имаше одличен настап за разлика од другите кои очигледно им треба консултант за јавни настапи. Тој во својата презентација се задржа на пребарувањето на интернет и неговата иднина.

Дали вашата компанија огласува онлајн?

Тоа што за пазар како Македонија е важно, иако овој податок е стар една година, е тоа што офлајн огласувањата (огласувања на радио, телевизија, весници, билборди итн.) имаат голема улога во пребарувањето на одреден бренд од страна на корисниците. Дури 67% од луѓето го пребаруваат брендот или производот на интернет откако биле изложени на него со некоја од формите на офлајн огласување и врз основа на тоа пребарување донесуваат одлуки за брендот или производот. Начинот на кој денешните потрошувачи доаѓаат до информациите е фундаментално сменет и затоа бара целосен ангажман и во олајн огласувањето и оптимизација на веб страниците за интернет пребарувачите. Патувањето на потрошувачот во пребарувањето на интернет откако бил изложен на одредена форма на офлајн огласување е следно:

  • Ја пребарува вашата компнија на интернет
  • Го посетува вашиот сајт. Ова посочува дека вашата компнија мора да има вебсајт, доколку не сакате да загубите 67% од потенцијалните купувачи кои го виделе вашиот оглас во некоја офлајн кампања. Но, не треба да имате веб страница само за да ја имате, туку тоа значи ефектина веб страница кој има оптимизација за интернет пребарувачите
  • Се информира за вашата компанија од блогови и од социјалните медиуми. Ова подразбира активна улога и присуство на компанијата на интернет страниците за социјално вмрежување. Она што Chris го посочи е дека не е вистина дека во новиот свет на комуникација немате контрола врз вашиот бренд туку дека ја имате повторно целосна контрола само доколку имате добра стратегија за настап на социјалните медиуми
  • Се враќа на вебсајтот на компанијата и има одредена активност на (претплата на RSS, претплата на електронска пошта, претплата на билтен итн.)
  • Го купува вашиот производ во некој од продажните салони или онлајн доколку тоа го озвоможува вашата веб страница
  • Доколку е задоволен клиентот гради поврзување со производот или брендот и го препорачува на своите пријатели и во онлајн и во офлајн светот.

Не може да се извлече подобар заклучок од ова освен дека: „Ако се рекламирате офлајн, повеќе од потребно е да бидете присутни онлајн

Доколку мислите дека ова функционира во развиените пазари, но не и кај нас, преземето го истражувањето за Навики и употреба на интернет пребарувачи во Македонија. Дури 78,3% од испитаниците најмалку 4 пати во денот пребаруваат на интернет и бараат информации. Дали овие потенцијални купувачи ќе ве најдат на интернет?

Еве еден многу едноставен и хипотетички пример. Продавате плочки за во бања и имате фина и интересна реклама на телевизија. Доколку некој сака да дознае повеќе за вашиот бренд ќе ве побара на интернет. Зборот кој најверојатно ќе го употреби за пребарување е „плочки“. Доколку тоа го стори некој на Google ќе му се прикажат резултати од бугарски компании. Ниту една македонска компанија ја нема на првата страница. Не верувам дека во Македонија никој не продава плочки за во бања.

Иднината на пребарувањето на интернет

Уште една голема промена која се има случено во навиките на корисниците е тоа што повеќе не пребаруваат само на интернет пребарувачите како Google, Yahoo, Bing итн. туку пребаруваат и на веб страници чија основна функција не е тоа. На пример YouTube e една од веб страниците каде корисниците пребаруваат многу. Потоа, социлајните мрежи како Facebook или сервисите за микроблогирање како Twitter. Она што Chris го посочи е дека иднината на пребарувањето не e во пренесувањето или присуството на социјалните медиму во интернет пребарувачите туку токму спротивното, пренесување на интернет пребарувањето во социјаните медиуми.

Ова за компаниите значи дека:

  • повеќе не треба да ги пренасочуваат кликовите од пребарувањето на корисниците само кон својата веб страница туку и кон надворешни извори како Facebook, YouTube, Flickr или Twitter.
  • Креирање на стратегија за ефетивно присуство на социјалните медиуми и активно учество на истите.

Дефинитивно иднината на пребарувањето е во мобилните телефони. Ова беше нагласено скоро на сите презентации. Пребарувањето на интернет преку мобилни телефони од 2008 до 2010 пораснало за 500%. 25% од луѓето во Америка кои пребаруваат на интернет преку својот мобилен купиле производ токму користејќи го својот мобилен телефон. Ако го погледнете истражувањето за навиките на Македонците во пребарувањето ќе забележите дека и кај нас значителна бројка на корисници пребаруваат преку својот мобилен телефон.

Останува на нас дали ќе ја прифатиме оваа голема можност или ќе оставиме потенцијалните купувачи да ги преземе некој кој порано ја сфатил играта.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

7 Comments [Webit] Ако се рекламирате офлајн, повеќе од потребно е да бидете присутни онлајн

  1. Pingback: Авторите на комуникации.нет на WebitК О М У Н И К А Ц И И

  2. Pingback: Tweets that mention Иднината на интернет пребарувањето и маркетинг можноститеК О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

  3. Pingback: Tweets that mention Иднината на интернет пребарувањето и маркетинг можноститеК О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

  4. Mite Kuzevski 30/10/2010 at 05:54

    Но, сепак нема ниту една конкретна компанија. Огласи и еден, да речеме директориум кој има линкови до одредени сајтови.

  5. Art Fager 21/11/2012 at 09:06

    I think this is among the most vital information for me. And i'm glad reading your article. But should remark on some general things, The website style is great, the articles is really nice : D. Good job, cheers

Comments are closed.