107 #ПрегледВоПеток

Повторно е мој ред за чешлање на настаните од неделата во #ПрегледВоПеток и за моја среќа има тооолку многу што да се каже.

Од каде да почнам…Hallowеen, достапна музика на Instagram Stories, ажурирањето на Messenger апликацијата, новото издание на #комкаст или изненадувањата што ни ги спреми Pinterest?

Петок е па јас би на shuffle 🙂

#комкаст is back

Ни помалку ни повеќе, ќе започнам со фалење за нешто наше и не за џабе го ставив прво на листата од неделниов преглед во петок.

Дарко и Сеад решија дека доста им беше пауза од поткастирање и одлучија да се вратат на сцена со свое видување на бумот наречен The Social Dilemma. Овој пат се со аудио верзија достапна онаму каде што тебе ти одговара (до толку се непосредни) па топло го препорачувам и на оние што преку документарецот што е тема на муабет, за првпат сфатија што всушност работат нивните блиски вработени во полето на дигиталниот маркетинг (како татко ми).

Како луѓето се поврзуваат за време на Covid

Извештај од Snapchat

По втор пат, Snapchat го издаде својот “Friendship Report” во кој објаснуваат како луѓето се поврзуваат за време на дигиталната ера.

Промени околу начинот на комуникација дефинитивно имаше и за ова сме пишувале во повеќе наврати изминативе неколку месеци.

Но, како една платформа како што е Snapchat чија главна цел е подобро поврзување на младите луѓе ширум светот, ширејќи позитива и забава се снајде со промената наречена Covid-19.

Според истражувањата, поголем процент од испитаниците не мислат дека нивната врска со пријателите била значително погодена од пандемијата. Но овде се и оние 33% кои рекле дека почувствувале разлика во комуникацијата а дури 47% од нив забележале дека односот со друштвото им се подобрил.

Во име на ова, Snapchat им пркоси на случувањата и не дозволува ситуацијата со вирусот да влијае на дружењето и забавата што традиционално е резервирана за Halloween. Со 3D AR филтри кои се “аплицираат“ на целото тело, корисниците на апликацијата можат да изберат целосен костим за најстрашната ноќ во годината. Филтерот го следи и движењето на телото правејќи го супер забавен начин да не се пропушти овогодинешното маскирање.

Очигледно си ја знаат работата, а тоа го посведочува и зголемениот приход во Q3

Капа долу Snapchat 🙂

Извештај од Facebook

Facebook на истава тема, извади извештај од 23 страници каде се зборува за промената на комуникацијата меѓу корисниците, нивниот однос со брендовите за време на пандемијата и што ова би значело во иднина.

За многу од луѓето, надворешниот свет е сѐ уште непредвидлив и страшен. Затоа целосно се потпираат на виртуелниот. Ова значи минување време во видео игри, онлајн состаноци, онлајн едукација и забава.

Најзначајни промени се приметени во брзата адаптација на корисниците и префрлување на реалните доживувања во онлајн искуства. Овде спаѓаат онлајн концертите, стримови на видео игри и бројни онлајн настани. Вклученоста на Facebook корисниците во содржина споделена на платформата е значително зголемена а не треба да се заборави и револуцијата во е-трговијата.

Имајќи го ова во предвид, треба да се подготвиме во иднина каде новото нормално значи нова онлајн култура.

Facebook на комшиска база

Ахх Facebook, Facebook…

И како да не беа малку сите контроверзии што го следат изминативе години, Facebook продолжува да “воодушевува“ со своите идеи што како да дошле на еден не толку расонет утрински координативен состанок.

Имено, дечкиве затоа што се заложуваат за многу поперсонализиран пристап каде најважни се луѓето и нивната потреба да се поврзат со пријателите, го тестираат Facebook Neighborhoods.

Со споделување на “минимални“ информации за тебе и дозвола за користење на твојата геолокација (ништо страшно само мали измени во Terms&Conditions што слепо ќе ги прифатиш – повторно!), ти можеш да влезеш во зона каде ќе бидеш изложен на содржина релевантна за твојата околина.

Мислааам…овде лежи добар потенцијал за рекламирање, но колку е ова безбедно и во согласност со сите етички и морални кодекси.

Веќе има остри критики и реакции од јавноста и експертите, па мислам дека The Social Dilemma за брзо време ќе добие продолжение.

Marketers, say hello to the gaming community

Гејмерите не се повеќе 30 и кусур годишни луѓе, што живеат со своите родители и немаат никаков сенс за социјализација. Само направете споредба на филмовите од 90тите со оние денес. Пред 30тина години, ликот што во филмот глумеше computer guy во 99% од случаевите беше geek, заклучен во некој подрум со блед тен и 0 пријатели. Истиот карактер во денешните филмови е поприлично секси, успешен и дел од огромна заедница на луѓе од целиот свет.

Ако нешто научивме од 2020, е дека правилата се менуваат и единствено што ни преостанува е да се адаптираме на промените.

Сега повеќе од кога било, сѐ повеќе луѓе се “закачени“ на некоја видео игра. Истите тие луѓе ова не го гледаат само како “убивање“ на неколку часа во денот, туку како начин на поврзување со своите истомисленици од целиот свет. Играта не е ни приоритет во целиот процес, туку комуникацијата.

3.5 билиони интернет корисници од целиот свет се дел од гејминг заедницата. Ова е пазар што вреди да биде во фокус на многу брендови и маркетерите треба да ја запознаат оваа култура многу подлабински.

Но не е сѐ така лесно. Ваквите заедници се многу потешки отколку останатите. Гејмерите често имаат свој кодекс и правила и не така едноставно ќе отстапат простор за пласирање на содржина. Овде не станува збор за пласирање на производи “на суво“, туку целосни долгорочни креативни кампањи.

Но, со добра комуникација и стратегија, позиционирањето на бренд во овој виртуелен свет може да биде нов предизвик.

Pinterest со новости за подигнување на продажбата пред крајот на годината

Празници се ближат, а тоа значи само едно – поминување време со семејството…аммм не – ШОПИИИИНГ!

И додека до сега шопинг искушенијата беа насекаде околу нас вклучувајќи ги и Facebook и Instagram, во игра влегува и Pinterest со своите планови за зголемување на продажбата на брендовите до крајот на годината.

Pinterest реши да си ги засука ракавите уште сега со нови опции што ќе им помогнат на брендовите со поголема видливост на нивните производи, подобра поврзаност со нивните онлајн шопови и секако подобри формати за рекламирање.

Отсега брендовите ќе можат да направат целосно функционален приказ на своите производи преку разни категории, препорачани продукти и листа на пазарење. Доста новости се подготвуваат и во делот за поддршка на бизнисите во однос на рекламирањето што вклучува тагирање на производи, видео колекции и слично.

Бонус линкови

А сега чилкај со кафенцето и се читаме во следниот #ПрегледВоПеток. Баи 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.