60 #ПрегледВоПеток

Стигнавме до 60-тиот преглед во петок!

Facebook најави промени кај метриките за реклами

Најпрво, Facebook најави дека ќе ги отстрани метриките за 10-second video view што вклучуваат ’10-Second Video Views’, ‘Cost per 10-Second Video View’ и ‘Unique 10-Second Video Views’. Дополнително, единаесет од метриките за прегледи на видео ќе бидат преименувани.

Facebook тврди дека овие промени ги прави со цел имињата да бидат појасни и усогласени. Со оглед на тоа дека ова нема да има никакво влијание врз самите реклами, промените не би требало да предизвикаат проблем. Како и секогаш, тоа зависи од начинот на кои ги користиш метриките за видеата, кои аспекти ти се од важност, итн.

Twitter ќе банира политички реклами на платформата

Во средата, во твит на Jack Dorsey, Twitter најави дека новата политика ќе влезе во ефект на 22 ноември и ќе важи на глобално ниво за сите реклами за избори и општо реклами од политички карактер.

Најавата доаѓа во време кога Facebook е под голем притисок за сознанието дека ги иззема рекламите од политичари од ‘third-party fact-checking’. Во превод, откако се дозна дека Facebook си ги штити моќните политичари.

Тајмингот на овој бан значи дека ќе биде активен за предвремените избори во Велика Британија.

Google го пушти Incognito mode за Maps за корисниците на Android

Опцијата ‘Incognito mode’ за Google Maps за прв пат беше дискутирана на Google I/O конференцијата во мај. Исто како на браузер, оваа опција ти овозможува да пребаруваш и следиш рути без автоматски да бидат поврзани со историјата на твојот акаунт.

После нешто повеќе од 5 месеци, Google почна лека полека да ја пушта опцијата на корисниците на Android. Ако сè уште не ја гледаш, без грижи. Чичко Google рече дека ‘Incognito mode’ ќе биде достапен за сите Android корисници во текот на наредните неколку денови.

#TeamTrees – Најголемата соработка помеѓу Youtubers во историјата

#TeamTrees е проект предводен од јутуберите Mr. Beast и Mark Rober чија крајна цел е да се засадат 20 милиони дрва до 1 јануари, 2020. Во соработка со Arbor Day Foundation и повеќе од 600 други јутубери – меѓу кои PewDiePie, Jacksepticeye, Shane Dawson, Jeffree Star, Joey Graceffa и Rhett & Link од Good Mythical Morning – до сега се засадени преку 11 милиони дрва.

За помалку од 48 часа откако беше објавено првото видео за #TeamTrees од Mr. Beast, се собраа доволно пари за засадување на 4 милиони дрва. Кон проектот се приклучија и Elon Musk со донација од 1,000,000 дрва, Susan Wojcicki со 250,000 дрва и Jack Dorsey со 150,000 дрва. CEO-то на Shopify, Tobi Lutke, донираше 1,000,001 дрво само за да го помине Elon Musk во знак на слатко ривалство.

Со секој дониран долар, фондацијата ќе засади дрво во шумите каде што е најмногу потребно. Дрвата ќе бидат распространите низ сите континенти што не се Антарктикот.

Ова е најголемата соработка во историјата на јутубери за подигање на свеста за климатските промени и тоа многу ме радува!

А сега трк на www.teamtrees.org 🌳🌲

Бонус линкови

Толку од денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 😉