Без некој посебен концепт, еве само неколку линкови кои убаво посочуваат колку нашите онлајн медиуми (или општо медиуми) се далеку од нешто што се вика онлајн (мултимедијално) новинатство.
Пример 1
Visualization Lab – New York Times
Where you can create visual representations of data and information using the “Many Eyes” technology from IBM Research.
Пример 2
Мултимедијална сторија за Мајкл Фелпс на шпанскиот АС
Пример 3
New York Times – Developers network
You already know that NYTimes.com is an unparalleled source of news and information. But now it’s a premier source of data, too — why just read the news when you can hack it?
Добро, не сум паднал од марс, знам што се е потребно да се дојде до овој стадиум, свесен сум комплетно за локалните услови, но тоа ни од далеку не ги оправдува застарените сфаќања за медиумите, вестите, дистрибуцијата, дизајнот, начинот на комуникација и ред други работи.
Искрено и не очекувам дека многу работи ќе се сменат во блиска иднина. Се надевам на позитивни исклучоци. Искрено.
Ништо од ова не е недостижно. Да не заборавиме дека повеќето вакви системи се развиени од програмери од Македонија и слични “скапани“ држави.
Нималку не мислев на техничкото ниво, за тоа сум апсолутно сигурен дека е достижно, и тоа можеби најлесно.
Проблемот е во остатокот, во сетирањето на умовите по медиумите, во квалитетот на новинарите и уредниците, во критичноста на публиката во квалитетот на понудата и конкурентноста
Моментов во општествово е многу згоден за агресивен подем на граѓанскоi новинарство. Во време на купени, цензурирани, непрофесионални и неетички традиционални медиуми и во време на зголемена граѓанска критика врз начините на креирање јавна свест, акција е сосема возможна.
Можеби оние (ние) кои практикуваат online граѓански активизам треба истиот поагресивно да го промовираат и да го доближат до граѓаните.
Зборувам за адвертајзинг промоција на можностите кои ги нуди online активизмот и за практични обуки за користење социјални интернет алатки.
@ zabrcanec Предлозите не се воопшто лоши ама има многу …ама во целата приказна.
за поголем успех секогаш се потребни и трад. медиуми, а тие се обременети со политичарите дури и ког астанува збор за социјалните мрежи
вруга работа: најголемиот дел од активните граѓани на социјалнте мрежи гледаат исклучиво како забава и не се дистанцираат од позицијата на масовен корисник за да го согледаат потенцијалот.
@ zabrcanec Предлозите не се воопшто лоши ама има многу …ама во целата приказна.
за поголем успех секогаш се потребни и трад. медиуми, а тие се обременети со политичарите дури и ког астанува збор за социјалните мрежи
вруга работа: најголемиот дел од активните граѓани на социјалнте мрежи гледаат исклучиво како забава и не се дистанцираат од позицијата на масовен корисник за да го согледаат потенцијалот.
Benjamin Franklin~ Diligence is the mother of good luck.