Писмото на Сем

Не знам како, најсикрено кажано, ниту се сеќавам на каква и да е моја регистрација или слично, но некако сум станал email-реципиент на писанијата на Сем Вакнин (Sam Vaknin). Нејсе, господинот Вакнин е добро познат на локалната јавнoст, па да не ја должам со елаборација за и околу него. Во една од своите последни пораки г-н Вакнин пишува за состојбата во медиумите во Македонија. Бидејќи во самата порака нема некои знаци од типот „ТМ“, или „забрането за циркулација“, содржината ja пренесувам во целост. Иако авторот не е експерт за медиуми, сепак ми се виде за интересна и потенцијално корисна неговата позиција на критика „од надвор“:

The media in Macedonia has been rendered completely subservient and dysfunctional in the last three years, under the governments of Nikola Gruevski. This is the outcome of the confluence of a few developments:

1. Increasing involvement of corporate interests. The private sector in Macedonia is rent-seeking and the owners of the media can’t afford to be seen to be “anti”-government. They implement self-censorship on a ubiquitous and all-pervasive scale (including “black lists” of who not to interview).

2. The government’s soaring share of the nation’s advertising dollar. The media are reluctant to alienate the country’s largest advertiser: the government.

3. The fragmentation of the nation’s media market (with 12 daily papers and 10 national TV stations!!). This apparent “pluralism” actually allows the government to “pick winners” and favorites and to extend its “benevolent network of patronage” to hitherto independent media. Many papers and electronic media are too small to survive on their own.

4. The government micromanages the media. Government officials bombard editors and journalists with complaints, accusations, and what can easily be interpreted as veiled threats every time the media publish an unflattering bit of analysis (or even information that runs counter to the official line). Turnover of independent-minded journalists has never been higher
(translation: they are being sacked at record rates).

Неколку процедурални коментари:

  • корпоративната контрола на медиумите кај нас е ноторна работа која не остава никаков простор за слободно новинарство. Кога сопственици на компании се газди на медиуми тука нема простор ниту за илузија од независни медиуми. Контролата е посредна само во смисла на „принцип на трло“, т.е. цензурата реагира тогаш кога некоја овца ќе го напушти трлото. Впрочем дали се сеќавате на некоја добра дебатна емисија во последно време во која новинарто го распрашал гостинот се што народот сака да го праша (освен Васко Ефтов, кој сепак забега во правец на некакви теории на заговор за секоја тема, од Косово до масони, но не и да ги доближи прашањата до секојдневието)? Испаѓа дека најголема медиумска слобода сме имале во почетокот на 90-те кога емисии од типот Без наслов но со повод навистина одржуваа каква таква медиумска независност.
  • Влада: темата е длабока, но реалноста е повеќе очигледна: сосема непотребните ала Добриот Самариќанин реклами и кампањи имаат само една цел: да ја одржат флуктуацијата на средства во медиумите од правец власт кон медиуми и да ги држи финансиски зависни. Во комбинација со се поголемиот број медиуми (во кој влезе и една ТВ Николина Спасова Миравци…) зависноста од рекламниот колач на естаблишментот станува насушна потреба. Станува очигледно дека толкавата фрагментација на медиумскиот пазар не е случајна ниту резултат на „див пазар“, туку е системска и добро извежбана и од претходните влади како разработен систем на контрола врз самите медиуми.
  • Точката 4 мислам дека е малку „оф-таргет“, не знам дека има таков изразен ефект нешто што е, би рекол, ритуална комуникација преку деманти и соопштенија.

1 Comment Писмото на Сем

  1. SOLZA 06/11/2008 at 13:14

    Според тоа што го следам, на сите светски листи според слободата на медиумите одиме надолу. Голема вина зе целокупната состојба опишана горе во текстот имаат и новинарите. Време е да се организира еден штрајка на новинарите, весниците да не излегуваат, телевизиите и радиото да не емитуваат програма со една цел новинарите да си ги побараат своите права, самите да ги изнесат кршењата на нивните работнички права од сопствениците на медиумите, да побараат повисоки плати. Пример за учење може да ни биде јужниот сосед. Новинарите најпрво треба да го дигнат гласот за себеси, да се изборат за своите права, со тоа ќе го победат стравот кој се наталожил во нив.

Comments are closed.