Многу смеење, убав муабет, корисни совети но и доста шеги. Е баш се ова има во новава епизода на нашиот подкаст. На гости ни беа Дарјан Раденковиќ и Димитар Атанасов. Зборувавме за развојот на твитер сферата во МК, за тоа како е да се работи сметка на твитер за семејна компанија и за позитивните примери за здружување на тема фудбал, кошарка и сл.

На почетокот малку направив осврт за Webit и за мега #fail-от на Google со iOS апликацијата за Gmail.
Однапред да се извинувам за на моменти прехаотичното однесување, понесени бевме од дискусијата во РадиоМОФ и преку твитер. Се со најдобра намера беше :).
Процедурално. Мислев во Велес се џимиринки.