Честотки на тимот,
За жал мојот прв обид да го разгледам порталот не беше многу успешен. Станува збор за технички недоработени делови (некопатибилност за мојот browser) . Веќе во вториот овид (со друг browser) имав прилика да видам дека навистина станува збор портал кој има иднина.
Тотал е првиот специјализиран интернет медиум за економија и бизнис во Македонија, сегмент кој досега беше целосно празен и неосвоен. За потребата и важноста од ваков извор на информаирање не треба многу да се објаснува ако се знае дека живееме во свет во кој времето е пари, одлуките се базираат на брзи, точни и навремени информации, а Интернетот се повеќе станува основно средство за информирање.
Целта на Тотал е да стане провајдер на брзи, точни, релевантни и навремени информации за сите случувања во економијата. (повеќе)
Сепак совет до web дизјанерите на овој портал. ПОПРАВЕТИ ги сите ситни грешки и обезбедете RSS feed. Оваа порака до Тотал
Добра вест нека им е честито и со среќа.
Но има неколку исправки до нив
Прво: не се први! http://www.seebiz.net.mk е многу време пред нив формиран и има едно 10-20 пати повеќе содржина од нив
Второ: многу од работите не се напишани од нив, а мислам и дека не ги ни измислиле па заради тоа е потребно и да го напишат изворот. Впрочем ова не е проблем само со порталот туку и со весникот
Трето: иако им е направен од Логин треба да им биде компатибилен и со Мозила
Во секој случај чекор за поздравување