155 #ПрегледВоПеток – Instagram AddYours, PinterestTV, Coca-Cola

Еве веќе цела недела живееме со Мета, и освен стандардните багови кои ги имаше и претходно и различните реклами за бизис понудите на компанијата нема баш некои значителни промени… може да се посветиме на други теми, така? Ајде, време е за утрински #ПрегледВоПеток ….

10 милијарди загуба по рестрикциите на Apple во политиките за следење

Snapchat, Facebook, Twitter, и YouTube, сите претрпуваат загуби поради новите политики со кои Apple врши рестрикции во поглед на споделување и достапност на личните податоци и навики за користење на апликациите во рамки на iOS оперативниот систем.

Анализата и проценката ја направиле Financial Times и според неа, некако очекувано, најголем удар односно загуба има претрпено Facebook.

Coca-Cola го намалува бројот на агенции ширум светот

Одамна не сме ги спомнале во прегледов, а во минатото тоа беше неофицијално задача на Наташа, ама еве сега мене ми се падна.

Се очекува наскоро Cocа-Cola да го смени својот стратешки пристап и да го скрати бројот на агенции со кои соработува низ целиот свет. Во моментов тие имаат договори со 4 големи холдинг компании од оваа индустрија и стотици помали креативни и друг тип агенции.

На сите ни е јасно дека овој потег може да предизвика тренд, но и сам по себе ќе донесе тектонски промени во целокупната индустрија. Веќе некое време се дискутира во нивните редови дека големиот број на соработници станува тежок модел за управување а од друга страна компанијата бележи надолен тренд во поглед на својот профит.

Дали ова значи дека долгорочно Coca-Cola ќе го изгуби приматот да биде репер во маркетинг индустријата?

Pinterest TV – шопинг видеа

Кога некој ќе спомне шопинг видео на што прво ти текнува? Признај? Топшоп нели? Не следиме редовно што прави Pinterest во овој преглед, ама овој потег може да не е толку важен сам по себе за Pinterest колку што е одраз на јасното трасирање на трнедовите во насока на развој на social commerce.

Откако јасно и гласно и TikTok и Instagram се обидуваат да влезат повеќе во овој сегмент, Pinterest кој во некои сегменти веќе е пред нив во овој поглед, реши да тестира нов тип содржина.

Имено, тие започнаа соработка со некои од своите топ креатори на содржина и им помагаат да снимат 30 минутни видеа на повеќе различни теми, кои ќе се емитуваат од 8 овој мсец. Покрај различниот пристап во креирањето соржина, вменатите реклами се спомнува и видео со опции за чет – Pinterest TV

According to Pinterest’s call to action, these shows will be 30 minutes in length and will include a 10-30 minute pre-production call with Pinterest’s team and AV tech check.

The idea, Pinterest explains, is to create a new way for its users to become inspired — instead of just browsing images for products and ideas, as before, Pinterest TV allows the company to move further into video and the creator economy.

Instagram додаде нова интеракција во „сторис”

Ха, по којзнае кој пат сервисите си се копираат меѓу себе. Сега на ред е повтoрно Instagram да земе нешто од TikTok. „Add Yours” се вика новиот стикер кој може да го закачиш на своето стори и со тоа да и овозможиш на твојата публика да закачи своја содржина на твоето стори.

Јас одма гледам употребна функција на овој нов стикер кај брендовите кои долго време зависат од интеракција во директни пораки на Instagram. Ова делува потранспарентно, повеќе ќе инспирира други да се вклучат, и во крајна линија публиката повеќе време ќе се задржи во твоето стори… што има тука да не се сака…

10 најчести веб дизајн грешки во 2021, според Јакоб Нилсен

Бонус линкови

Толку за овој преглед, ако го скокна видеото на Јакоб, немој! Кликни го и нека те чека викендов во некој друг таб за гледање. Убав викенд!

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.