[најава] The World Blog­ging Forum 2010

The World Blog­ging Forum 2010, Виена, Австрија, 13 ноември.

Станува збор за специјален формат на конференција става фокусирана на меѓународната блог заедница. Организаторите покануваат т.н. A-list блогери (колку само застарено но сепак релевантно звучи овој термин денес 🙂 од повеќе земји и го поврзуваат со локалната сцена. Програмата содржи сесии на различни теми, секоја сесија започнува со 2 до 3 кратки презентации по што следува главниот дел, 90 минути дикусија.

Темата на која дискусиите ќе бидат фокусирани оваа година е иднината на дигиталните медиуми: како социјалните медиуми ќе го обликуваат светот во кој живееме во следните 10 годни? Како интерентот ќе ни ги промени работните обрски и работните места, здравствениот систем или нашите приватни животи?

Нешто слично како што имавме и ние идеја кога ја правевме првата блог конференција во Македонија и организаторите на овој настан велат: Не помислувајте дека станува збор за традиционалана конференција. Во Виена нема да има двоење на говорници и публика бидејќи сите се на исто ниво и ќе се во констатна интеракција. Офој форум е комплетно посветен на активната дискусија.

Дали навистина настанот ќе се одвива според планот ќе имам чест и задовоство да видам на лице место. Имено, во листата на блогери се најде и моето име. Пред повеќе од еден месец добив лична покана од организаторот за учество. Секако, со задоволство прифатив. Тоа што ќе бидам дел од овој настан ме радува заради најмалку две причини. Прво што (конечно) и македонската блог заедница е вклучена во европските (па и светските настани) што секако може само на арно да иде и второ што ќе имама можност лично да продискутирам со одлични блогери на теми со кои сум окупиран веќе некое време.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.