Деновиве на Интернет, особено на Facebook може да се забележи заедничката кампања на Црвениот крст и Dormeo. Зад Dormeo стои Студио Модерна, компанија која во послено време заслужува голема пофалба за ниваните Интернет кампањи. Мотивацијата да поразговарам со нив потекнува уште од кампањата која ја реализираа за денот на вљубените, но ете изгеледа Разбудете се хумани беше вистинкото време и финалниот мотиватор. Спремивме (јас и Нате) неколку прашања на кои со задоволство се нафати да одговори Ана Бојаџиева од Студио Модерна Скопје.
- 120 Душеци за две недели. Честитки. Дали е ова резулат само на интернет кампањата или станува збор за интегрирана кампања? Ако е интегрирана, колкав е делот/уделот на интернет делот?
Благодарам. Се радуваме и што бројот на донации постојано се зголемува, а тоа значи дека заедно со Црвен Крст и сите оние кои донираа можеме да им помогнеме на голем број граѓани да имаат поудобен и поквалитетен живот. Првата донација во петок (6.11.2009) ќе ја добијат старите лица од домот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ние нестрпливо го чекаме тој момент. И се разбира, акцијата ќе продолжи понатаму за повеќе такви моменти.
Идејата на „Разбудете се хумани“ беше токму будењето на хуманоста, па за да допреме до што поголем број на граѓани се одлучивме за интегрирана кампања во која вклучивме ТВ, Интернет, Принт. Интернет делот, ако го мериме според она што ни беше најважно, а тоа е секако бројот на донации, изнесува 40%. Но, ако малку пошироко гледаме на целата кампања, ќе видиме дека не се работи за мерлив дел или влијание. Дали со интернет кампањата сме помогнале во подигање на свеста? Тоа да, сигурно. Е-маил пораките за поддршка кои ги добиваме, како и бројот на донации преку веб-страницата го потврдуваат тоа. Но, дали некој се одлучил да донира преку веб-страницата поради интернет кампањата или ТВ спотот, добиениот флаер, видениот постер? Тоа не можеме да го знаеме. Исто така, има и многу кои дознале за „Разбудете се хумани“ од Интернет, а сепак се одлучиле да се јават на 02/3094 555 (тел. број за донации) и да донираат на тој начин. На крајот, начинот не е толку важен, колку што е важна целта – да им се помогне на што повеќе луѓе.
…. ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ: Добрата порака го наоѓа патот и развива комуникација
Colette~ The true traveler is he who goes on foot and even then he sits down a lot of the time.