108 #ПрегледВоПеток

Редот со #ПрегледВоПеток си го имаме одамна и горди сме на него, ама сега го фаќаме и редот со #комкаст, па по епизодата со Сеад во која зборуваме за The Social Dilemma, оваа недела се враќаме назад со Мите да го до заокружиме муабетот за подкасти кој го започнавме минатата година. Сега со истражување пред себе ги демистифицираме навиките на локалната публика кога станува збор за овој медиумски формат.

А сега, да се фрлиме на прегледот…

Apple прави пребарувач

Само насловот да се прочита и одма се развива бујна фантазија за свет во кој Google Search не доминира како што сега доминира… не звучи лошо… Борбите и напорите да се одржи доминантна позоција на пазарот секогаш се паралелно проследени со борби со законите за докажување на не-монополската позиција.

И покрај тоа што Apple инкасира огромна сума од Google за неговиот пребарувач да биде „дифолтен” на iOS, сепак под закана за сузбивање на таквата доминација и трговија, има индикатори дека Apple се подготвува да реагира соодветно кога тој ден ќе дојде и ќе треба му ја смени позицијата на Google Seaarch на своите телефони. Apple има добри карти во рака за да го изигра овој потег, ќе видиме како ќе ги изигра.

Која е тајната на TikTok?

Среќа гласовите од изборите во Америка уште се пребројуваат па може малку на раат да читаме зошто TikTok го постигнува успехот кој го сведочиме со месеци и како неговиот пристап е различен од се што сме виделе до сега. Тајната е во инстантниот пристап до голема, масовна публика. Сега ќе мора со Мите и Сеад да снимиме продолжеток на оваа легендарна епизода на нашиот #комкаст: #комкаст 42 – Facebook е новата телевизија

TikTok represents a departure from older social media platforms that were designed to distribute content more narrowly, to a limited group based on community, geography, or shared interests. And, while entirely different in tone and structure, TikTok is not unlike traditional broadcast media outlets that are also made to widely distribute content to compete for the largest possible audience

How TikTok’s unique mix of social and broadcast media techniques sets it apart

Instagram сака да ни го подзачисти сандачето

Добро, знаеме дека Instagram е сега коњот за трки на Facebook па логично е да очекуваме и најмногу тестови и промени таму… еве уште една. Имено, се тестира опција со која реакциите кои сега ги добиваме на story нема да влегуваат во приватните пораки туку ќе се прикажуваат на самата објава… Малку го крати его трипот ама ОК, можам да ги замислам појаките акаунти колку се затрупани од вакви реакции, па нив веројатно супер ќе им дојде нешто вакви.

Третата конференција за е-трговија 

На почетокот на ова недела најавено беше и третото издание на годишната конференција посветена на е-трговија организирана од страна на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија -АЕТМ.

Според организаторите, таа има за цел да го разоткрие и пренесе потенцијалот на е-трговијата, особено во време на глобална пандемија. Знаејќи дека промените се тешки, но неизбежни за раст и развој, со насловот „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“ ќе ги опфати најактуелните теми како: адаптацијата кон е-трговијата за време на ковид-19, искуството на е-купувачите, нивната безбедност и можностите кои ги пружа меѓуграничната е-трговија. Овие теми ќе бидат разработени заедно со над 20 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите полиња.

Настанот, секако ќе се одвива онлајн, а јас лично, ќе видат модератор на првиот панелот на првиот ден. Настанот ќе се случува на 25 и 26 ноември.

Не заборавајте да ги кликнете бонус линковите, иако не ги издвојуваме нив со текст горе, вредат. Верувајте ми.

Бонус линкови

Се читаме следната недела… убав викенд!