Само малку добра идеа и резултатите се воодушевувачки. Се разбира и малку помош од новите алатки од web 2.0 ерата.
Chirag Mehta ги собрал онлајн архивирани текстови од обраќањата на американските претседатели ги исчистил од сврзници и општи зборови и составил tag cloud или облаче со тагови. Сега визуелно многу ефектно може да се воочи кој претседател за што зборувал најмногу и како се менувал фокусот на претседателите низ историјата.
Анализа на најчесто употребувани зборови пред извесно време имаше направено и ПетарК за Најди! (линк1, линк2) . Но овој пример има далеку поефективно визуелно влијание, а знаеме колку вреди една слика :).
Благодарност до Горан Анчиќ и неговиот извонреден блог Svakodnevica.
Pingback: » Во облаците Вуна [б]е пер: кај што има кила, правдина нема од 2004