Скролај, кликај и читај, собравме доста интересни четива и апдејти за овој преглед во петок.
Новости од дигиталниот свет за 3, 2, 1… #ПрегледВоПеток
Facebook се ребрендираше во FACEBOOK
Покрај сите скандали, далавери и општо лошата репутација, Facebook во понеделникот најави дека ќе се ребрендира. Во следните недели ќе се појави ново, шарено лого со големи букви.
Зошто FACEBOOK? Новото лого ја докажува вредноста на компанијата. Дизајнирано е со “бистрина и искреност” на ум, со хармонизирани големи букви. Но тоа не е сè! FACEBOOK користи “динамични” бои што го трансформира логото во боите на неговата средина.
Со други зборови, Facebook се дистанцира од платформата која сам си ја направи да биде најомразената платформа на светот. Па така, кога странски сили ќе измешаат прсти во изборите во 2020, Марки ќе му каже на Конгресот: да, Facebook има проблеми. Но FACEBOOK си работи супер.
Нов систем за додавање атрибути на содржина
Adobe, Twitter и The New York Times Company најавија нов систем за додавање атрибути на слики и друга содржина. Ова значи дека ќе има алатка што ќе снима и зачувува информации за уметникот што создал парче содржина и дали таа содржина била изменета од страна не некој друг. Потоа други луѓе и платформи ќе ги проверуваат тие податоци.
Adobe прикажа прототип во Photoshop, но системот е сè уште во изработка и не знаеме кога точно ќе биде достапен. Проектот е дел од Content Authenticity Initiative, а партиципантите ќе одржат самит за системот во следните неколку месеци.
Врз основа на она што го најави Adobe, алатката за додавање атрибути е дел од метадата што може да се прикачи за фајл. Не беше објаснето како тагот ќе се зачува, односно како ќе бидеме сигурно дека е од оригиналниот автор, а не од некој што ја копира содржината.
Останува почекаме да помине самитот па да се разотркријат дел од деталите.
Брз пристап до апликации и сервиси со .new на Google
Кој не сака кратенки? Пред една година, G Suite ги креираше кратенките: docs.new, sheets.new, и slides.new. Овие кратенки овозможуваат многу побрзо и полесно да отвориш нов документ, нова табела или пресентација.
Сега Google излезе со екстензија на .new доменот која ќе им овозможи на корисниците да извршуваат онлајн постапки со само еден чекор. Она што е многу добро, е фактот што секоја компанија или организација ќе може да си регистрирај свој .new домен.
Повеќе инфо за сите кратенки.
Можеш ли да преживееш како компанија на Reddit?
Reddit е еден од најмоќните сили кој има влијание врз целиот интернет на начин на кој ниту една друга платформа може да влијае. За разлика од другите социјални мрежи, Reddit е релативно недопрен од медиумите и рекламните агенции. Ова значи препрека за сите брендови кои сакаат да ја наметнат својата моќ и да го искористат влијанието што оваа заедница го има врз остатокот од интернетот.
Со цел да им помогнат да брендовите и маркетерите да се запознаат со оваа уникатна – и строго чувана – социјална мрежа, We Are Social направија Reddit кампања од која извадија доста интересни заклучоци.
Бонус линкови
Толку за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Се читаме во следниот преглед во петок. 😉