Од извори блиски до Фејсбук

Ми беше дојавено за следната вест, (фала Дарјан), откако низ самиот Фејсбук неколкуратно се издекларирав како ироничен „зенофил“:

 Популарниот рапер и миленик на жените, Тони Зен најверојатно пред некое време тајно се венчал со својата долгогодишна девојка, скопјанката Ирина. Негови блиски велат дека сега станал по сериозен од порано и дека сега размислувал само како оженет човек. Доказ за тајната венчавка на Тони и Ирина е личниот сајт на наводната невеста на страницата Facebook, каде во полето кај моментален емоционален статус пишува ОМАЖЕНА. Отидовме да провериме и на сајтот на младоженецот Тони. Но, таму освен датумот на неговиот роденден не наидовме на друга информација. Со ова познатиот рапер само ги подргева шпекулациите за евентуалната тајна венчавка со неговата голем љубов.

Сега не знам на што попрво да се изнасмеам…(а) „личниот сајт на страницата Фејсбук“ (белким е обратно :), (б) моменталниот емоционален статус :), (в) Фејсбук како доказ за брак комбиниран со тоа дека споменатиот бил „посериозен“ и.т.н.

Колку и да е сево ова хумористично, шеговито и симпатично, доколку самиот Тони Зен не се лути на сево ова , сепак е во подиректна форма доказ и показ како новинарите лесно се навлекуваат на сензационалистички работи, или се обидуваат нас да не навлечат на тривијалности, како во естрадата, така и во политиката. Просто да не веруваш дека некој од промена на статус на Фејсбук направил „новинарска“ вест или пак прилог. Нема д аверувате колку вакви трачариски „докази“се извори вредни за цитирање и во „серизоните“ вести.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Од извори блиски до Фејсбук

  1. Darko Buldioski 08/11/2008 at 19:26

    И пак сум контра. Абе што има лошо во црпење информации од социјалните мрежи?

    Зар за ќерката на Дворник не го правеа истот. Зар по светот не се случуваат такви прикаски. Кај некој се дрзнал да искористи нов медиум како извор, и сеа вака било така било.

    место да се радуваме дека ете барем некој почнал да го премостува јазот меѓу трад. и нови медиуми

  2. sead93 08/11/2008 at 19:34

    E ova e eden epten pozitiven spin 🙂 Dobro sega ova za konsultiranje na novive mediumi stoi :)) Samu kutriot Toni Zen ke padne kurban za povisoki celi :)))

  3. Pingback: Content isn't king, Conversation is | К О М У Н И К А Ц И И

Comments are closed.