Демотикс е фотографска агенција и Интернет страница за граѓанско фото-новинарство. Фото-приказните создадени од корисниците, од фотографи до аматери, Демотикс ги пласира до мејнстрим медиумите. Сервисот е создаден врз основа на два принципи:
- Слобода на изразување
- Право да се биде информиран; Право да се дознае/знае
Решивме да направиме интервју со Никола Ивановски не поради тоа што е Македононец кој работи за Демотикс, тука за да дознаеме повеќе како работи овој сервис и зошто е успешен на глобално ниво. Најголема афирмација Демотикс доживеа за време на предизборните и постизборните случувања во Иран кога заедно со твитер беше еден од ретките медиуми кои успеаа да ја пренесат состојбата во Иран до целиот свет. Затоа слободно можеме да кажаме дека покрај твитер револуција во Иран се случи и Демотикс револуција.
Целите на овој сервис не се ни малку скромни, да се спаси новинарството и да се промовира слободата на изразување преку поврзување на независни новинари со традиционалните медиуми. Демотикс има повеќе од 10.000 соработници во 140 земји.
- Како еден Македонец што живее во Лондон стана дел од тимот на Демотикс и уредник за Југо-Источна Европа?
Никола: Демотикс започна да работи пред точно една година. Мојот пријател и колега од пост-дипломските студии, Федерико почна со пракса кај нив. Некаде околу нова година Федерико ми телефонираше и ме праша дали би сакал да им се придружам во Демотикс, затоа што имале потреба од некој кој знае некој од источно-европските јазици за да го покрие истокот на Европа. Така авантурата започна. Мислам дека не беше воопшто пресудно или битно што сум роден во Македонија, мислам дека клучно беше моето познавање на поголем број на европски јазици како и новинарското искуство што го имав стекнато претходно vo BBC.
- Имаше многу сервиси кои пробаа и го правае она што Демотикс сега го работи, но не успеаа во нивните намери па денес или можеме да видиме дека се затворени или дека наскоро ќе запрат да работат. Што е тоа што Демотикс го прави успешен, кој е рецептот да опстанеш во нешто во што многу други не успеаа?
Никола: Успехот на Демотикс е базиран на нашата посветеност, истрајноста, уверувањето дека сме пионери во нешто што го сметаме за иднината на новинарството како и тимската работа која доаѓа пред се. Не им ветуваме на нашите соработници ништо што не можеме да исполниме. A имаме и поинаков бизнис модел од останатите.
- Кој е пазарот на Демотикс и како го освојува?
Никола: Демотикс нуди хиперлокални приказни на глобална публика. Демотикс му дава можност на секого со фотоапарат во раката да сподели приказна од неговото опкружување со целиот свет, без разлика дали тоа е фото-ентузијаст, аматер или професионален фотограф. Критериумот е квалитетот на фотографиите и приказната кои зборуваат сами за себе. За квалитетна фотографија секогаш ќе има побарувачка, без разлика кој ја сликал. Демотикс донесува квалитетни фотографии од околу 10.000 соработници од преку 140 земји во светот а нивниот број расте секојдневно.
- Колку луѓе работат во Демотикс и каков профил на луѓе работат за Демотикс да биде успешна приказна?
Никола: Демотикс брои 14 вработени и неколку практиканти. Мислам дека тајната на успехот е тоа што сите вработени се млади, мотивирани, високо образувани луѓе од најразлични краеви на светот, кои зборуваат по неколку јазици (во Демотикс зборуваме вкупно повеќе од 20 јазици сите заедно), и се луѓе на кои им е многу битна слободата на говорот и изразувањето.
- Интересно беше што освен твитер, за време на изборите и постизборните демострации во Иран, Демотикс беше другиот сервис кој најмногу беше спомнувам низ традиционалните медиуми. Како, кога никој од медиумите немаше пристап до случувањата во Иран, Демотикс успеа да ја пренесе приказната за Иран до целиот свет?
Никола: Демотикс успеа токму поради различниот пристап кон известувањето. Иранската влада им забрани на странските новинари да известуваат за случувањата, затоа немаше пристап до информации. Дописниците на Демотикс се локални луѓе, граѓани-новинари на кои владата не им забрани или не можеше да им забрани да известувaaт. Од друга страна, токму отвореноста на Демотикс кон секој што има фотоапарат и сака да сподели приказна со светот им се виде привлечна на Иранците. Во време кога режимот се обиде да ги фалсификува изборните резултати и да ја заташка вистината, Демотикс беше поставен на совершено место и им даде платформа на луѓето, на народните маси да ја исправат лагата која режимот се обидуваше да му ја продаде на светот. Значи демократскиот пристап на Демотикс кон известувањето беше клучен кaj настаните во Иран.
- Токму за време на изборите и постизборните демострации во Иран Демотикс употреби еден темин street journalism/journalists за оние кои ги споделуваа своите фотостории со целиот свет преку Демотикс. Зошто го употребивте овој термин, наместо веќе етаблираниот citizen journalism/journalist? Има ли суштинска разлика помеѓу овие два термини?
Никола: Терминот citizen journalism/journalist се поистоветува со аматерско новинарство, односно луѓе без формален новинарски тренинг. Meѓу нашите дописници, покрај аматери и студенти по новинарство има и голем број на професионалци. Повеќето приказни кои пристигнаа од Иран беа со одлични, високо квалитетни фотографии. Сметавме дека не е во ред да им се прикачи дерогативното значење кое го содржи концептот citizen journalism/journalist. Нашите дописници секако не беа аматери и многумина од нив си го ризикуваа животот за да пренесат што се случува во нивната земја, преку Демотикс. А повеќето настани во Иран се случуваа на улиците, па оттаму и street journalism.
- Дали Демотикс гледа иднина во развивање на локални верзии на сервисот? Дали е можен опстанок на Демотикс на Македонски пазар или некој регионален пазар на пример Балкански пазар со концептот кој е успешен на глобално ниво?
Никола: Сервис кој успеа на глобално ниво, секако би било полесно да се развие на локално ниво. Рeгионално мислам дека би било поизводливо, отколку на ниво на една земја, особено во помали и неразвиени пазари како што е македонскиот. На регионално ниво, секако би имало поголем интерес меѓу соседните земји за случувањата комшиите, така да не гледам зошто еден балкански Демотикс не би успеал.
Kонкретно за македонскиот пазар, има неколку прашања кои прво треба да се решат. Kога медиумите во Македонија ќе бидат подготвени да им платат на соработниците и дописниците суми кои тие навистина ги заслужуваат за својот труд, тогаш зошто да не би успеала една македонска верзија на Демотикс? Видете, денес станува се полесно и полесно да се разкаже приказна.
Технологија напредува и станува се подостапна. Се што е потребно за да се стане дописник за Демотикс е фотоапарат со минумум 3 мегапиксели (мислам дека сега и фотоапаратите на мобилните телефони се минимум 5 мегапиксели), компјутер и интернет конекција. Зaмислете колку би било добро да во Македонија самите граѓани известуваат за тоа што го сметаат за битно, за она што се случува во нивното маало, село, град, регион, наместо партиски поларизираните медиуми кои постојат во Македонија и кои само ја пренесуваат сликата што одредени луѓе на власт или на позиција на моќ сакаат да биде слушната. Тоа би довело можеби до револуција. Идејата зад Демотикс е демократизација на новинарското известување а демократската идеjа не познава граници.
Едно процедурално, пред да се посветам на читање. Фрејмот за текстот е хоризонтално претесен за содржината, гледано во IЕ. Поздрав и честитки за придобивањето на господинот Кузевски да пишува за Вашиот почитуван медиум. Ај сега да со го копирам текстот во ноутпад за да можам да го прочитам.
Опа, се среди, само отшо бев во ноутпад не знам дали тоа се случи откога искоментирав и автоматски се рефрешираше или Вашите брзи-и-спремни 20 луѓе во дескот на Комуникации.нет реагираа.
BTW ОК е дечково, а сајтот веќе ми е во фејворитс.
@Ричи, изгледа тоа детето ја има средено добро да се гледа во IE :)))
Честито појачање! 🙂
Hugh Elliott~ When a miracle happens even if not to you its nature is to naturally expand. You can almost feel the warmth on your face.