Државата како извор на информации

Доколку грубо се спореди количината на информации кои дневно ги произведува државата со сите свои составни делови и буџетски установи може лесно да се увиди дека таа е најважен извор на информации во современите информациско-комуникациски системи.

Овој податок во литературата често е поткрепен со резултатите од истражувањето кое го спровел Леон Сигал (Leon Sigal) врз основа на анализата на двата највлијателни американски весника Њујорк Тајмс (New York Times) и Вашингтон Пост (Washington Post). Тој покажал дека 46% од вестите во овие два весника доаѓаат од агенции или службеници на американската влада.

Колкав процент од информациите во дневните весници доаѓа од државни извори беше предмет на истражувањето кое го работев пред неколку месеци за потребите на моите постдипломски студии.

Со цел да ја направам анализата поинтересна земав два политички најоддалечени весници (Утрински Весник и Вечер) со надеж дека ќе утврдам дали и колку државата е мајка за едните а маќеа за другите.

За жал, таа претпоставка не се покажа како точна, но сепак резултатите од ова истражување се доволно интересни за да го симнеш истражувањето како пдф и да разгледаш во која форма од каде и каде одат државните информации.

Државата како извор на информации по примерите
на два дневни весника од Македонија – Дарко Булдиоски

(пдф 200 kb)

Секако, одговарам на прашања и стојам на располагање за долопнителни информации. На трудот му ставив Creative Commons лиценца, па може слободно да се сподели.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Државата како извор на информации

  1. SOLZA 12/11/2008 at 22:30

    Прекрасно направено нема што, едвај чекам да ми почнат постдипломските студии по комуникации, па ваквите анализи ќе ми прераснат во реалност.

    Се запрашувам дали државата како извор на информации е таа која што ги нуди тие информации или пак новинарите го покренале задникот од своето удобно столче во редакциите и се растрчале за информации по државните органи?

  2. Darko Buldioski 13/11/2008 at 01:24

    Делумен одговор на прашањето има внатре. Ама тоа може и да биде искривување на реалноста.

    Што ми е муабетот. Најчесто се изворите изјави од луѓе, многу малку има документи и сл. ама пак од друга страна и да има документ сите новинари трчаат смо по изјава и како слепи за стап само таа им е важна во текстот, и не одат подлабоко низ документите.

    Ти посакувам побрзо и позадоволно да тргнеш со постипломските. Тажно е што и на додпиломски не се случуваат вакви работи. Срамота е да се учиме да пишуваме и да правиме истражувања дури на постдипломски

  3. SOLZA 13/11/2008 at 14:14

    Мислам дека тоа е така затоа што новинарите се по малку мрзливи. Изјавите се најдостапни, во последно време ги земаат и преку телефон, СМС порака, мејл, башка во документите не снаоѓаат баш најдобро!

    Бај д веј, благодарам за поддршката, се надевам дека ќе има во глобала многу повеќе вакви анализи во земјва. Се сеќавам дека вакво нешто правев за кризата во 2001 година анализирајќи изјави на политичари во контекст на тоа какви односи со јавност сме имале тогаш. Има и на додипломски, ама за жал се бројат на прсти.

Comments are closed.