Во сенката на првиот локален tweetup (#ТвитерАјвар) поддржан/организиран од компанија, вчера вечер премиерно на РадиоМОФ одеше, во снимана варијанта нашата десетта епизода од втората сезона на комуникации.нет подкастот. Со Мите, повторно се обидовме да бидеме кратки, но пак закачивме 30-тина минути. Тоа е. 🙂

Зборувавме за последниот Mobile Monday Macedonia, оној кој се случи овој понеделник на кој се зборуваше за мобилните веб решенија од два аспекти, технички (помалку или повеќе) и маркетинг. Потоа зборувавме и за новитетот од Google+, страниците за компании, малку коментирвме статистика за ефект од различни типови на објави на Facebook и секако најавивме неколку претстојни настани вклучувајќи ја и седмата меѓународна конференција е-Општество на тема „ИКТ и животната средина: Приказна за отпадот“.
За следната недела најавивме и дека ќезборуваме за електронскиот отпад. Работиме на случајот да ибезбедиме релевантни гости. Ако некој (покрај спомнатите Метаморфозис) мисли дека може да земе активно учество… коментарите се отворени.