156 #ПрегледВоПеток – македонските NFT Орки и друго…

Уште еден петок и додека чекате да заврши работниот ден и да почне викендот може да си читнете што имаше ново минатата недела. А #ПрегледВоПеток не може да помине без Instagram, Facebook, па YouTube па и нешто многу позначајно за нашево државиче, како македонските Орки. Ајде да почнам…

На кој му треба пауза од Инстаграм?

Скролаш, свајпаш и оп за 5 минути поминале 3 саати некако магично. Ти се случува ова? Инстаграм најде решение.

Ајде да мислиме дека намерите им се искрени и навистина се грижат за менталното здравје на луѓето, пред сè тинејџерите, или се најдоа во небрано по интензивната контрола на Мета (поранешен Фејсбук) која покажа дека Инстаграм може да има негативен ефект врз менталното здравје на младите луѓе, па сега глумат загрижени. Како и да е, пак останува на самосвеста бидејќи опцијата е активна само ако сами ја активирате.

Facebook ќе отстрани илјадници категории за таргетирање

„Почнувајќи од 19 јануари 2022 година, ќе ги отстраниме опциите за детално таргетирање што се однесуваат на теми што луѓето може да ги сметаат за чувствителни, како што се опции кои упатуваат на каузи, организации или јавни личности кои се однесуваат на здравје, раса или етничка припадност, политичка припадност, религија или сексуална ориентација. .“

Facebook

Со други зборови, нема да можете да ги таргетите вашите реклами на теми како „Светски ден на дијабетес“ или други здравствени причини, ниту пак да ги поврзете со сексуалната ориентација, политичките убедувања итн.

Отстранувањето на овие елементи за таргетирање може да ги промени работите. Може да има големо влијание врз маркетерите на каузи, политичките партии, брендовите за здравствена заштита, како и да ги натера бизнисите да го променат својот наратив кој до сега им носеше успех.

Останува да видиме како ќе се снајдеме во иднина кога ќе нема многу од овие опции за таргетирање. Дали ќе успееме да поставиме доволно успешни Engagement Custom Audiences и дали ќе ни бидат доволни да си ги постигнеме целите?

Македонските Орки го освојуваат NFT светот

Сте слушнале за The Orc Horde NFT? ако доцните со запознавањето на овој ремек-дело проект, време е да си ги обновие информациите за новости. Имено, македонските уметници тргнаа во поход на крипто светот со 10000 орки (10000 уникатни NFT портрети на орки, како оние од “Господарот на прстените”). Ако само успеете да ја увидите уникатноста на проектот, тогаш можеме лесно да проектираме дека нашите уметници можат да заработат милионски суми од своите NFT уметнички дела.

Она шот е уште поневеројатно е дека овој тим на брилијантни таленти е отворен за нови амбициозни уметници кои сакаат да зграбат од NFT колачот во крипто светот. Само треба да им пишете на следниот мејл theorchordenft@gmail.com или контактирајте ги преку официјалниот Твитер https://twitter.com/OrcHorde.

Прочитајте го цело интервју со Здравко Гиров, авторот на NFT проектот The Orc Horde.

YouTube ќе ги отстрани dislikes

Всушност нема вистински да ги отстрани, туку нема да бидат јавни. Промената доаѓа како резултат на организирани напади врз корисниците на платформата, каде што опцијата „не ми се допаѓа“ се користи за да наштети на популарноста и перформансите на видеото, најчесто само затоа што не им се допаѓа креаторот.

[СТУДИЈА] Facebook реклами наспроти Instagram реклами

Истражувањето на SocialInsider на 137 илјади спонзорирани постови на Facebook и Instagram ни носи инстересни заклучоци какви реклами на социјалните медиуми генерираат најдобри резултати. Не дека и сами не сме ги увиделе овие очигледни факти ама фино е вака црно на бело истражувачки потковано да си постојат:

  • Instagram е навидум попопуларен, но Facebook има повеќе корисници
  • Facebook рекламите во њузфид носат најмногу трафик
  • Рекламите на Instagram Stories имаат највисок CTR
  • Брендовите инвестирале 8,69% повеќе во реклами на Instagram во 2021 година во споредба со 2020 година
  • и уште неколку факти во продолжение…

Бонус линкови

Па и не дека беше досадна неделава со новостиве. Доста работеле платформиве а и ние се изначитавме. Остануваме на читање до следниот #ПрегледВоПеток

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.