109 #ПрегледВоПеток

Некако многу новости неделава ама морам да кажам дека главна (кај нас) е дека Македонија се квалификуваше за ЕП вчера!

Бијонсе е пресреќна 🙂

А за денешниов #ПрегледВоПеток имам само да ти предложам да си направиш едно кафе пред да почнеш да читаш.

Како да ги видиш сите клучни зборови кои на твојот сајт ти носат посети од Google

Од 2011та Google престана да ги прикажува клучните зборови кои носат посети од резултатите од пребарувањата. Таа година, сите органски клучни зборови станаа (not provided) и (not set).

За среќа, податоците продолжија да се појавуваат во Search Console и Nenad Pantelić ќе ви покаже како да ги видите и преземете сите органски клучни зборови.

Се почесто изворот на лажна вест не е Facebook или Twitter

Во интервју за “Утрински брифинг” на “Слободна ТВ”, @darko156 има да ви каже збор-два за лажните вести и како тие всушност доаѓаат од највисоките политички институции.

Слободна ТВ / Slobodna TV

п.с. Блокирај го Twitter профилот на Трамп 😉

Facebook експериментира со опција за гласање на коментари

Помина некое време откако Facebook тестираше опција за гласање на коментари од корисници. Сведоци сме на повеќе наврати на опцијата, а сега Facebook се враќа повторно со фокус на групите и прашањето: “Is this comment valuable to members of the group?“.

Дали опцијата ќе биде користена онака како што Facebook очекува или корисниците ќе ја користат во стил на тоа дека се согласуваат или не со коментарот како што се навикнати на Reddit?

Instagram го редизајнираше својот почетен екран за првпат после години

Instagram денес изјави дека ќе ги додаде Reels и Shop табовите на својот почетен екран. Reels ќе ги води корисниците до платформата за кратки видеа слична на TikTok додека Shop ќе им нуди на корисниците персонализирани препораки, edtiors’ picks, видеа преку кои со клик можат да купуваат и нови колекции на производи.

Ајде да видиме како сето ова ќе изгледа. 🙂

TikTok склучи договор со Sony Music

Корисниците на TikTok сега ќе можат да го користат каталогот на песни на Sony Music – тековни хитови, нови песни, најслушани, класици, итн.

Без да навлезе во детали, TikTok исто така изјави дека ќе соработува со Sony со цел зголемување на персонализацијата и креативноста на корисниците и дека ќе разгледуваат нови можности за интеракции на фановите.

Ова може да значи дека компаниите можеби ќе работат на маркетиншки кампањи кои не вклучуваат само музика туку и нешто како хаштаг кампања или брендирана содржина за полесно наоѓање на музика и спојување на фановите.

Spotify размислува за претплата за користење на сервис за поткасти

Spotify се чини дека е заинтересиран за воведување на сервис за поткасти. Сервисот беше опишан во прашалник испратен преку Spotify апликацијата. Во прашалникот беа прикажани четири планови за претплата – од $3 до $8 месечно.

Најевтината претплата ќе вклучува пристап до ексклузивни интервјуа и епизоди но исто така и реклами. Најскапата претплата ќе вклучува пристап до оригинална содржина со висок квалитет, ран пристап до одредени епизоди и нема да има реклами. Но ниту еден од овие планови за претплата ќе го вклучува пристапот до премиум музика.

А ако случајно те интересира како да направиш поткаст, ќе го оставам линков за тебе – #комкаст 86 – Како да направите поткаст!

Apple ќе бара “нутритивни ознаки” за приватност

Apple најави дека ќе бара од девелоперите да вметнат нови детали за приватност за корисниците на App Store, почнувајќи од 8ми декември. Овие “nutrition labels” за приватност за првпат беа најавени на конференцијата за девелопери летово а причината е тоа дека Apple сака подобро да ги информира своите купувачи за практиките за приватност на индивидуални апликации.

A transparent overview of an app’s privacy practices is key to building trust with potential users. Developers now have the opportunity to detail their app’s privacy practices right in the App Store for users to review, including the types of data the apps might collect, whether that data is shared with third parties, and the option for users to opt out.

App privacy questions available in App Store Connect – Apple Developer

Бонус линкови

TechLinked

Толку за денес од мене, се читаме во следниот преглед во петок 🙂

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *