Не бев во државава кога се случи овој мил настан ама мислам дека денес доволно добро се изнаинформирав за него.
Значи новинарот на BBC David Reid бил тука и видел некои убави работи (линк). Си ја сработил професионално својата работа и си отишол.
И после тоа во Македонија започнува ново доба!!!!Одеднаш безичниот интернет е тема број еден. Навистина објавата на BBC е за на насловна (тука нема ништо спорно) но целата атмосфера некоко мислам дека требаше да се случи многу порано.Одеднаш новинарите имаат потреба да објаснат што е тоа wireless internet, и имаат потреба да кажат колку сме јаки ние на тоа поле, а за волја на вистината овој проект (mkconnects) се спроведуваше подолго време и беше во весниците многу пати. Ама тогаш BBC не беше свесен дека го имаме па затоа македонците немаа потреба да знаат кои се можностите на оваа мрежа и колку има потенцијал во неа.