LeWeb’11 прва најава и стартап натпревар

Ептен, ама ептен ми е мило што и оваа година ќе можам од права рака да пишувам за најголемиот настан поврзан со интернет во Европа. LeWeb’11 веќе одмана е најавен а јас пред неколку недели добив и официјална потврда дека и оваа година, како и лани ќе бидам единствениот официјален блогер од Македонија. Минатата година ми беше прва посета на настан од ваков тип. Искрено, не знаев што точно да очекувам па и не се подготвува толку, или подобро да речам немав баш многу конкретни планови.

Оваа година ќе биде поразлично. Не дека ќе ми биде работата полесна, програмата е еднакво интересна како и лани, само што оваа година наместо два LeWeb, чинам за прв пат, ќе трае три дена. Лани, една од интересните сцени ми беше онаа каде (претежно) млади тимови се трудеа да ги импресионираат all star интернет звездите кои седеа во жирито на натпреварот за стартап компании.

Токму затоа покривањето на овогодинешниот LeWeb11 ќе го започнам токму со овој дел од целата манифестација. Пријавите кои влегуваат во конкуренција оваа година мораше да бидат поврзани со темата на настанот а тоа е SOLOMO, SOCIAL-LOCAL-MOBILE

Како што кажаа домаќините овој наптревар е поддржан од Google и секој може да се вклучи во одлуката. Првата отворена фаза се случува на специјалниот канал на YouTube каде може да се погледнат видеата на 32 финалисти од кои наскоро ќе се изберат 16 кои ќе бидат претставени за време на самиот настан. Некои од видеата се кратки и конкретни, некои се „демек” креативни и долги :).

LeWeb Startup's YouTube Channel

Без нокој посебен редослед или бажност, јас ги зачував отворени следниве видео презентации, а ти избери си свои и навивај (гласај) за да победат.

Имај на ум дека ова е прв од серијата написи за LeWeb11, имам во план следниве 30тина дена да обајвувам доста на оваа тема, следуваат постови за пргограмата, за официјалните блогери и секако постови и видео запоси од самиот настан кој се одржува од 7-9 декември.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.