Звучи неверојатно нели? Па добро неверојатно е, со оглед дека кај нас нема којзнае колку многу i-pod апаратчиња. Ама затоа има многу компјутерчиња кои исто така можат да свират mp3 формат нели?
Добро шегата на страна. Архивска колекција на mp3 записи вредни злато.
Кој би рекол а?
Прво: Во аудио и текстуален формат сите вести
Второ: Документарна програма во аудио формат
Трето: Радио драма
Народни песни, програма за деца и ред други работи.
Верувам дека добар дел од вас го знаат ова веќе од поодамна ама нека го дознаат и другите, ВРЕДИ
Па не е баш подкастинг бидејќи не е фид али ај сепак е нешто… Наскоро ОБСЕ и Метаморфозис ќе ја завршат новата 8-јазична верзија на МРТВ порталот кој ќе овозможи и многу други работи (освен фидови) – вклучувајќи и video-on-demand… МРТВ е всушност куќата која може најмногу да понуди од АВ материјали на интернет во МК…