
Одма да напоменам, постов разгледува само еден фактор или можен аспект за кој може да се претпостави дека ќе внесе малку живот во нашиве локални дневни весници. Е сега, да одам по ред.
Нели, сите знаеме дека веснициве изумираат, и дека црно им се пишува и слични такви стандардни приказни. Позитивниот дел од оваа приказна вели дека ова нема да се случи доколку тие успеат да се променат, и да се прилагодат на новиот медиумски еко-систем и сл. Нашиве тешко дека наскоро нешто сериозно ќе почнат да размислуваат во оваа позитивнава насока, но сепак еве јас ќе се обидам да посочам како би можеле да го сторат тоа.
Нели Интернетот е заканата. Но што точно од таму? Таму има многу, се и сешто, и работи кои вредат и работи кои не вредат. Меѓу другото има и теми кои ги нема во нашите весници, барем не толку колку би можело. Теми за кои на големо се дискутира и чита на Интернет. Па ако еден квалитетен дневен весник има капацитет тие истите теми да ги сработи квалитетно зошто да не поторшам малку време и да го прочитам и неговиот напис. Зошто кај нас нема:
- Осврт на некоја практична книга, каде ќе се претстават во кратки црти поентите кои ги истакнува авторот и други познавачи на темата. Може да е книга за маркетинг, за продажба, за медиуми, за технологија, за ред други работи за кои и покрај самиот Интернет, види чудо, уште се објавуваат книги. Во последниве два дена налетав на два текста кои отвараа прашања и теми врз основа на претставување на книга. Еве го едниот пример: How to Market Your Business With Facebook
- Истиот пример може да се искористи и за следниот совет: Далеку повеќе инфорамции за Интернет. Интернет како тема, ама не како феномен или нешто сега ајде да видиме дали е добар или лош, туку конкретно. Тој и тој со овој сервис нуди ова, постигнал тоа, еве шо вели тој, еве што велат другите. Нешто што дел од луѓето во секој случај го читаат. Секако тука не алудирам на легендарни содржини од овој тип: „Гугл“ навлезе во бизнисот за интернет-огласување (Време, број 1820, 11.11.2009)
- реални прикази поврзани со реални луѓе на Интернет. Пред некој ден во Америка се пишуваше за судење во кое некој млад дечко како алиби ја искористил статус пораката на својот Facebook профил. Нормлано, ова може да влезе во нашите весници во рубриките Каледоскоп, или на последната страница, но за вакви теми потребни се далеку повеќе детали разгледување на можните последици, влијанија и сл. Зарем некој пронајде и презентираше искуство за враќање на изгубена лозинка или за преземен профил на некој од познатите сервиси? Јас знам најмалку две одлични, позитивни, приказни во кои наши граѓани комуницирале со сервисните служби на некои познати интернет сервиси и епилогот бил крајно поучен за сите.
- технологија, гаџети, сервиси, понуди, производи, споредби. Ова го има крајно малку. Некои весници прават и цели додатоци за овие теми. Кога може за автомобили, зошто не и за овие работи. Секако, мотивацијата е јасна. Повеќе реклами, а тие производи и компании секако се рекламираат. Зошто кај нас сеуште не се издвои ниту еден посериозен новинар, аналитичар или сл. кој следи и коментира технологија по весници. Ако континуирано зборуваме дека Интернетот е иднината, зошто не го гледаме тоа и во дискусиите во весниците?
- компјутерски игри, истражувања, совети. зошто никој не пишува за нив, редовно? Зарем не е тоа легитимна целна публика која може да се привлече да купи дневен весник? Зошто во весник да не прочитам текст: 5 совети за креирање подобра содржина на Интернет.
Има вакви конкретни теми уште многу. Да се разбереме, не се македонските весници на исто ниво со оние од западниот свет и со оние американските. Па затоа мора и да се соочиме дека локалните битки за враќање на нивниот сјај не се секогаш идентични со тие што ги читаме на Интернет. Треба да се изнаоѓаат локални решенија, да се погледне подлабоко дома, да видиме зошто весниците паѓаат и како може да се подмлади публиката.
Јас издвоив овде неколку предлози, но не сум само јас потенцијален читател. Што би сакал ти да видиш во дневен весник за да го купиш? Мора да има нешто 🙂
Совети и истражувања. Овие две работи недостасуваат кај локалниве дневни весници. Моја претпоставка е дека новинарите немаат време и не се доволно стимулирани за овие две категории. Се гледа дека се што се нуди е или лошо преведено или е направено набрзина. Можеме да кажеме дека политичките анализи се светла точка во приказнава, ама кај неделниците, не и кај дневните весници.
А на кои точно весници мислиш под поимот „локални“? Претпоставувам на цел македонски дневен печат.
И јас сум за повеќе текстови – истражувања, investigative journalism, без сензационализам. Штета е што таквите тешко проаѓаат во денешниов површен медиумски простор.
@Томе мислам на дневниве весници, со мал порезервиран пристап кон Нова Македонија можеби. Патем, малку е клише да бараме анализи и истражувања и сл. токму затоа е обидов да посочам нешто што е пореално да се очекува.
@ Стефан абе, да, немаат време, ама слични стории обработуваат секој ден, јас само викам темите да ги прошират, да ги освежат, да изберат нови, свежи, актуелни, интерсни за нова публика.
Имаше одлична статија од Керим кој се однесува на добар дел на темава во Дневник минатава недела. Мислам Петок или Четврток. Побарај ја ќе се изненадиш, јас бев изненаден.
По мое мислење главната практична причина заради која печатените медиуми страдаат и ќе страдаат во Македонија, е недостапност на можноста за електронско "печатење" и најбитно наплата на мали суми на пари преку интернет.
Оневозможеноста на македонските граѓани да плаќаат и “наплаќаат“ на интернет е тема вредна за подлабоко истражување.
@ коста
jа читав 🙂 ја читав. имаше една долга дискусија на ФБ за неа, па затоа не пишав пост. Патем, не знаев дали да бидам позтивен или негативен. Керим имаше право скоро за се што пишуваше таму, ама позицијата од која пристапува не беше баш најсоодветна. Се надевам дека она што ќе прозилезе од таа колумна, а се чита таму меѓу редови, ќе биде вистинско пометување на медиумската сфера кај нас.
@Дарко промените треба да бидат иницирани од менаџерите или уредниците, не од новинарите. Мал број на новинари ќе се обидат да ги прошират темите или пак ќе опфати нови теми, доколку тоа не им биде кажано или не се стимулирани соодветно.
А околу муабетот на Керим, дефинитивно не е случајно што се појави со ваков муабет. Во блиска иднина може да очекуваме нешто ново од неговата компанија/групација. Барем јас очекувам нешто свежо и ново:)
ej
Crow The~ Eric Draven Suddenly their came a tapping as of someone gently rapping rapping at my chamber door. You heard me rapping right