Најтешко е да зборуваш за свои проекти и активности во својот подкаст :). Среќа во приканзната AllWeb не сме сами, тука е и Цаци па соодветно на тоа си ја викнав да ми биде гостин оваа епизода.
Малку се изнафаливме, си раскажавме што се ни се случуваше до сега и што очекуваме да се случува во петок на 23 ноември во City Hall, денот кога ќе се случи првата интернет маркетинг и онлајн ПР конференција во Македонија. Детали на писмено на AllWeb.mk а на долго и на широко во нешто над 40 минути на копчето плеј :).
Се гледаме во петок.
Со лесно 🙂 А следниот пат мислам дека ќе сакате сала со тепих и тешки завеси – ем не чкрипат столчиња и не тропаат штикли, ем акустиката е подобра зашто нема ехо…
Фала. Држи вода муабетот, но мислам дека тоа не е проблем во ХардРок, барем не приметив јас, баш ќе проверам пак деновиве 🙂 Ќе видиме, нека помине оваа па ќе правиме муабет за догодина :).