Два дена после AllWeb

Откако се наспав убаво, ред е да напишам и лично видување на вториот AllWeb кој се случи во петокот. Прво, да тргнеме од баксузите… allweb.mk во моментов кога го пишувам текстов (6.30-7.30 сабајле) е недостапен достапен е сега. Некој од другите сајтови на истиот хостинг направил проблем кој не сме го приметиле зошто бевме преокупирани со настанот и целиот акаунт е блокиран, се надевам ќе го пуштат наскоро. Сега убавите работи.

Работевме напорно, имавме супер моменти додека го спремавме настанот но имаше и нервози и мали (рандом) расправии. Се тоа за да имаме еден беспрекорен ден во CityHall. И на крај го имавме тој ден, собравме околу 160 посетители (во некоја кутија се списоците, ќе ја ставам точната бројка деновиве) и во три сесии со две паузи разговаравме на многу теми. Она што особено ме израдува беше фактот што неколкумина кои беа и минатата и оваа година забележале значителен напредок во организацијата на самиот настан. Многу бев радосен за ова, да бидам искрен. Ние цело време го носевме тој товар дека треба да биде подобро од лани и во ниеден момент додека го спремавме настанот не бевме 100% сигурни дека ќе биде тоа видливо и за останатите. Ако судиме според твитовите, коментарите на Facebook, текстовите и сл. тогаш значи дека сме успеале и дека следната година пак ќе си го носиме тој товар дека треба да бидеме подобри.

Стратегијата за производство на содржина додека трае самиот настан се покажа како успешна. Индискиот кол центар (како што сами си се нарекоа) беше ептен вреден цел ден. @Natalija, @DzaDze_, @Indog, @kuzevski, @fidanska @ViktoryNik и @h3xman овозможија настанот да биде топ тема на нет (пред се твитер) цел ден.

allweb_info2013_fin
@indog црташе во живо, со поддршка од Цедевита

Се споделуваа информации од сцената, активностите околу сцената, фотографии а наскоро ќе има и видео записи. За да биде демонстрирано на дело она што се зборуваше на сцена се погрижија со своето присуство и активации Цедевита, Делимано, Литература.мк, Групер, Ambio.

delimano-moi-recepti
Ова беше славното колаче на Делимано кое сите го сликаа!

На сцената заслужено најмногу аплауз доби Вања (@VulicVladimir) а исклучително корисни беа и @varagic и @kresoD и супер беше и Рената од Цедевита. Најретвитан твит, секако и најтвитана презентација беше истражувањето за Facebоok корисниците која ја презентираше @NikolasTweet. Имаше позитивни коментари и секако забелешки и за програмата. Сите беа на место, не се бунам. Да се состави толку богата и динамична програма со јак фокус на локални претставници не е воопшто лесно. Горди сме на сите кои застанаа на сцена и сакаме да можат да се пофалат со уште повеќе успеси и пак да ги викаме да ги споделуваат истите со нас.

 

Додека го спремавме овој настан на Цаци (@PRroom_Blog) и ја кажав мојата среднорочна цел: во 2015-16 да не бркаме спонзори туку тие самите да сакаат да бидат дел од AllWeb. Што се однесува до краткорочните цели јас лично имам една: да не мора одма после конференцијата да ја носиме (на свои раце) назад гарнитурата од сцената :))).

Подготовките за AllWeb 2014 започнаа. Јас се наспав убаво и сега време е да споделиме уште содржина која секако ќе биде од помош за да направиме уште подобар настан следната година.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.