Сезонава одлично ни тргна со настани. По Webit ете не нас и на World Blogging Fоrum 2010. Морам и јавно да се заблагодарам уште еднаш за поканата до главниот виновник за овој настан Richie aka @datadirt.
Малку генералии: се случи во саботата на 13.-ти ноември во Виена во просториите на Телеком Австрија (кај нас присутни преку @vipMK). Имаше повеќе од 120 посетители, најголем дел од Австрија. Околу 20-тина од нив беа учесници кои добија специјална покана од организиторите со цел да ги пренесат искуствата од своите земји. Меѓу нив, секако и јас од МК, а имаше луѓе од Италија, Словенија, Хрватска, Турција, Романија, Шведска, Германија, Швајцарија, Финска, Ерменија, Франција … се надевам не испуштив некого.
Настанот беше вистински блогерски собир. Форматот беше лабав и се прилагодуваше кон самите учесници. Ова значи дека предизвикот со кој се соочени организаторите е далеку поголем. Со други зборови, нема конкретна тема (иако во најавата имаше) и не се сите презентери доволно добро подготвени. Имаше 3 сесии со доста различни и отворени муабети, долги дискусии и се разбира многу мубает и дружење помеѓу нив.
Настанот мора да признаам многу ме потсети на регионалниот BlogOpen и баш ми беше мило заради тоа бидејќи владееше атмосфера, добро расположение и многу желба за вмрежување и муабет. Голем дел од учесниците ги објавија своите видувања, па затоа нема да одам во детали, туку само ќе напишам по збор два мои лични видувања за секоја од сесиите. Најдолу погледнете ги линковите до дел од другите објавени постови.
Во првата сесија акцентот падна на оние „посериозните” блогери кои пред се во играта се за да заработат за живот или да се испромовираат себе си со цел да преживеат. Едно време дискусијата забега ептен во таа насока, но за среќа во публиката имаше и блогери кои не ги интересираше заработката, па успеаја да го расветлат и тој дел од оваа приказна. Разноликоста на блогосферите во различните земји дојде до израз. Колку и да станува збор за слични пазари, и секако различни од американскиот, сепак на крај се доаѓа до заклучокот дека секоја европска блогосфера е многу различна од другата. Нешто како и самата Европа, нели?
Втората сесија, според мене беше најдобрата. Иако не обожувам политика, токму спојувањето на блоговите и политиката беше одлична тема за дискусија во саботата во Виена. Веројатно за тоа најзаслужни беа Матиас (@luefkens), Марко Ракар (@mrak) и Домен Савиќ (@savicdomen) кои споделија дел од своите искуства. Марко објануваше зошто во Хрватска има изрека: ако е за политика и ако е на интерент мора да е вмешан Марко. А Домен на кратко кажа како медумите му се налутиле на некој словенечки министер затоа што ударната вест ја кажал прво на твитер наместо нив (патем министерството пратило известување до медиумите ама тие не го забележале :).
Следниот ден Домен доби порака дека некој од минстерство сака да се види со него…а каков е епилогот од средбата уште не знам. Матијас работи во одделот за комуникации на Светскиот Бизнис Форум (попознат по својот годишен собир во Давос). Човекот навистина ги воодушеви сите. Позитивен, интересен со многу искуство и знаење. Зборуваше за Твитер дипломатијата. Ако се чудите што е тоа, прочитајте го неговиот текст објавен на Techcrunch: Twitter diplomacy: Who Follows Whom Among World Leaders напишан како загревање за презентацијта. Еве ја и неа во целост со малку лош тон, ама вреди човек да се напрегне малку.
Третата сесија беша каша-попара. Нешто маркетинг, нешто социјално купување, малку анонимни услуги и на крај голема тензија во публиката, ресетирање на дискусијата и позитивна атмосфера пред официјалниот крај и журката која следуваше.
Се на се, одлично искуство, кое во иднина ќе донесе уште поголема размена на идеи и искуства и продлабочување на контакти. Јас лично разбрав доста детали за многу работи поврзани со новите медиуми и блоговите и запознав луѓе со кои имав доста заеднички муабет. Понатаму препуштам на линковите до другите написи:
Презентации, дискусија и многу слики – http://wbf2010.at/
Прекрасна фото-сторија од настанот – Blog about blogs not about dogs
Еден од моите омилени блогери – Hans Kulin од Шведска – Report from the World Blogging Forum 2010
Критички став на човек кој нон-стоп е по настани – Luca Sartoni – World Blogging Forum 2010 Recap
Официјалниот извештај од спонзорот – World Blogging Forum Vienna 2010: Die digitale Medienzukunft als Chance für Gesellschaft und Unternehmen
И многу повеќе линкови и импресии на #wbf2010
Next stop: декември LeWeb’10 😉 ама за тоа наскоро повеќе информации.
Pingback: Tweets that mention Впечатоци од World Blogging Forum 2010 | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com
Pingback: Започна #LeWeb10 | К О М У Н И К А Ц И И
Ludwig van Beethoven~ Music is the mediator between the spiritual and the sensual life.