Каков синхронцитет! Токму кога почнав да се обидувам да „постам“ троа во однос на вештачките потреби кои секојдневицата „спонтано“ ни ги наметнува , а на кои воопшто не е лесно да им се спротивставиш, Дарко ми го проследи овој линк кој со задоволство го препорачуваме и двајцата, и линкот и акцијата секако:
29–ти ноември 2008 е Buy Nothing Day, ден на кој имате можност да го замете предизвикот со тоа што ќе се исклучите од потрошувачкото
лудило и ќе се вклучите во автентичниот живот. Правилата се едноставни, во траење од 24 часа треба да извршите детоксикација од конзумеризмот и да живеете без шопинг. Секој може да учествува во акцијата со тоа што ќе потроши ден без потрошување. uy Nothing денот е најголемиот 24 часовен мораториум против конзумеризмот.ж
Низ целиот свет луѓето ќе направат пакт со кој ќе земат еднодневна пауза од шопингот како личен експеримент или пак како јавен став. Најдоброто нешто во врска со целата работа е фактот што е бесплатно.
ПС: Воедно да го искористам постов да се заблагодарам на GoodBytes за постот „Рекламни трикови 2“ со кој се надоврза на пост од овој блог. Одлично надополнување 🙂