[најава] Најголемата конференција за Интернет во Европа

2500 учесници од 50 земји. Многу блогери, претприемачи, инвеститори, новинари, стартап компани и важни фаци од светот на интернет бизнисот. Сето ова во Париз. 2 дена во декември и тоа 8ми и 9ти. LeWeb 2010

На сцената ќе се поават претставници од Nokia, Google, TechCrunch, Mozilla Foundation, Facebook, PayPal, Engadget, Ogilvy, Foursquare, Playfish, Renault, Thomson Reuters, Twitter, Ustream, Rovio, Seesmic, Yahoo!, Zynga, World Economic Forum, Automattic WordPress.com, Ning, Digg и многу други заедно со Gary Vaynerchuk, Brian Solis, Robert Scoble, Kevin Rose, Marissa Mayer, Leo Laporte и така натаму. Сега сликата за големината и важноста на овој настан претпоставувам дека е малку покомплетна.

Ако не ги прочита имињава погоре, еве видео во кое организаторите (брачниот пар Loic и Geraldine le Meur) ја најваија програмата.

Но, вредноста не е во сите овие големи имиња, (барем така велат организаторите). Вредноста на овој настан е во луѓето кои доаѓаат таму за да остварат нови контакти, да обезбедат партнерства, да разменат ставови и идеи и секако да се дружат. Затоа и целата програма е поделена во неколку зони: The Plenary Stage
, The Startup Stage
, Networking Zones, The DemoZone
, The Workshop
s rooms.

Еден посебен дел од целиот настан е дружбата на официјалните блогери на овој настан. Морам да бидам малку нескромен и да се пофалам дека јас сум единствениот од Македонија кој за прв пат ќе се појави на Le Web како официјален блогер од оваа земја. Па оттаму и имам пристап до целата оваа заедница која организаторите многу паметно ја одбираат и третираат. И помагаат да се сплоти и да соработува а за возврат таа, секако, ќе го промовира овоj настан во земјите од каде доаѓа секој блогер и на јазикот на кој се зборува во истата.

Во некој слeден пост ќе го споделам и официјалното барање, односно обврските и правата со кои се стекнува еден официјален блогер на еден овој голем настан. Навистина е добра лекција кон совладување на материјата: комуникација со блогери.

Толку, сега за сега. Само уште да кажам дека од балканов ќе има забележителен број претставници па може да се очекува и некој заеднички подвиг во поглед на покривањето на настаните. Здравје уште ништо не сме се договориле. А ако го погледнете списокот на официјални блогери на LeWeb ќе ги сретнете и имињата на Драган Варагиќ, Драгана Ѓермановиќ, Пеѓа Пусеља, Небојша Радович и Иван Брезак Бркан.

1 Comment [најава] Најголемата конференција за Интернет во Европа

  1. Pingback: Започна #LeWeb10 | К О М У Н И К А Ц И И

Comments are closed.