110 #ПрегледВоПеток

Убаво вака ми доаѓа ред да ги заокружувам прегледите, па еве ме после 105ката продолжувам со 110ка како мој втор #ПрегледВоПеток

Почнува период на гужви, период кога брендовите ги фаќа празнична “паника” за нови кампањи. Иако годинава ќе мора да го прифатиме новото нормално празнично расположение, сепак скоро и да сум убедена дека брендовите нема да изостават да направат многу кампањи, и кул и луди работи. Затоа почнувам со една што ме остави со подотворена уста.

Лади си го пивото и гејмај од истиот уред

Ама навистина не знам што да ви кажам за ова. Само ќе ви го пуштам видеово и ако некој некогаш стигне до уредов го чекам да ме викне на пиво.

Иако ваквиве уреди се прават за ограничена и привилигирана група на луѓе (во која секако не спаѓам) се надевам дека мноооогу брендови како Bud Light ќе прават вакви луди работи во иднина.

Плаќај пола провизија на Apple како девелопер

Една мнооогу важна веста: За девелоперите кои заработуваат помалку од 1 милион долари Apple ја намали својата провизија на 15%.

Околу 28 милиони девелопери, или 98% од сите регистрирани девелопери, од 1 јануари ќе си ги намалат своите трошоци кон Apple со преполовена провизија. Досега компанијата им наплаќаше 30%, а отсега секој што ќе заработи помалку од 1 милион долари ќе плаќа 15% провизија. Секој девелопер кој спаѓа во оваа група може да се пријави во новата App Store Small Business Program на Apple за намалена провизија, а доколку во текот на годината пак заработил повеќе од 1 милион долари автоматски ќе му биде наплатена провизија од 30%.

Small businesses are the backbone of our global economy and the beating heart of innovation and opportunity in communities around the world. We’re launching this program to help small business owners write the next chapter of creativity and prosperity on the App Store, and to build the kind of quality apps our customers love.

Tim Cook, Apple’s CEO

За компанијата ова е мала промена на која отпаѓа само 5% од заработката на App Store, но за девелоперите е значајна. Намалувањето се однесува на сите извори на приходи на App Store, од премиум апликации до плаќања во апликациите. 

На колку од вас им прелетаа пеперутки во стомак кога ја прочитаа веста? 🙂

Испраќај пораки што исчезнуваат на Messenger

Некако изгледа им недостасува Snapchat на луѓево, па Facebook решија да ја оживеат оваа функционалност и на Messenger. Новиот “Vanish Mode” ќе ви дозволи да испраќате пораки во редовниот чет прозорец без да мора да отворате скриена конверзација. Само со свајп ап може да ја активирате новата опција и да испраќате пораки кои ќе исчезнат а потоа повторно да се вратите во нормалниот чет.

Она што е важно да се напомене е дека само луѓето со кои сте поврзани можат да ја користат оваа опција со вас во чет. Дополнително, ако некој направи скриншот од четот додека сте во “Vanish Mode” ќе ви стигне нотификација. А ако некој едноставно ја премине границата и ви пишува пораки кои едноставно не сакате да ги добивате и прават да се чувтвувате небезбедно, може да го блокирате и да го пријавите.

Оваа опција е веќе достапна на WhatsApp, сега доаѓа и на Messenger, a Facebook најави дека ќе има и на Instagram, што е логично да се случи заради интеграцијата на сите платформи во една.

Не се сеќавам дали сум била во ситуација да морам да испраќам пораки што исчезнуваат, но верувам дека опцијата ќе си најде примена кај публиката, дали за испраќање на поинтимни пораки, или пак некакви доверливи информации. Ќе ве прашам, колку пораки што подоцна сте сакале да ги снема сте испратиле во животот?

Игнорирај го брифот од клиентот

Еден мудар човек, по име Paul Boag, еднаш рече дека можете и треба да додадете повеќе во некој проект отколку слепо да ги имплементирате идеите на другите луѓе.

Имено, еден од нашите омилени автори и консултанти во својот нов пост објаснува зошто мора да го земете брифот од клиентот со резерва.

Па безмалку секој пат кога ќе добиеме бриф од клиентот остануваме прво збунети, после со милион прашања “го напаѓаме” назад за да стигнеме до идејата која му е во глава и да пробаме да ја разбереме работата што нè чека.

За ваквиот тренд на “неразбирливи, глупави и сиромашни брифови” Paul наведува две причини:

  • Најчесто го пишува некој што нема искуство колку вашето, па брифот излегува само список на функционалности кои клиентот би сакал да ги има, или пак воошто не му ни требаат.
  • Клиентот често не успева да си го дијагностицира проблемот за да изготви бриф според кој ќе му се понуди најдоброто решение.

Во секој случај не секогаш сме во позиција комплетно да ги отфрлиме желбите на клиентот, па дури и кога тој упорно настојува да го следиме напишаниот бриф, можеби и треба да го направиме тоа. Она што се очекува од нас е да да бидеме подготвени да понудиме совет и да имаме мислење како брифот треба да се подобри, преработи или комплетно замени, со што всушност градиме репутација како експерти во полето. Најдобриот начин е да поставувате безброј прашања во врска со нивниот пристап и понудете алтернативи со кои всушност ќе ја достигнете целта на клиентот.

Колку често вие како есперти сте во позиција да се договарате, преговарате и да му негодувате на клиентот за испратениот бриф? Колку често ја добивате “војната” и излегува по ваше? 🙂

Слушни го Иван Ајнштајн во новиот #комкаст

Вчера Дарко го викна Иван Ајнштајн (еден од најпопуларните јутубери кај нас, ако не го знаеш, срам да ти е) да гостува во #комкаст. Уште не стигнав да ги ислушам, ама еве велат дека ептен сериозно муабетеле за YouTube.

Дискутираме за локалната YouTube сцена, за заработката на јутјуберите, за квалитетот на содржината, за глобалните трендови и за уметноста наречена YouTube „едитирање”.

Јас одам сега на слушање, вие може да ми се придружите или прво да си ги дочитате бонус линковите. Се читаме во следниот преглед во петок.

Бонус линкови:

Instagram safety tools

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.