Coca-Cola ќе го гради капацитетот за огласување на регионалните блогови

На почетокот на септември, додека бев во Словенија за Eurobasket2013 ми се јави Драган за да ми најави можност да се вклучам во одличен проект кој би го инволвирал овој блог. Без размислување му реков: можеш да сметаш на мене. Зборувавме кратко и без сите детали реков дека ќе се вклучам зошто знам по кои принципи работи и по кои принципи би вклучил некој друг во ваков проект.

Недели подоцна, целиот проект почна да добива форма и суштина. По предлог на Драган верувајќи на неговото претходно искуство, The Coca-Cola Company одлучила да вложи во развојот и осамостојувањето на регионалнителните блогери. Кога ги разгледав добро деталите на проектов сфатив дека го надминува нивото на спонзорирани објави и бренд евангелисти. Секако, ова ќе треба да се докаже следниве месеци додека се имплементира.

За мотивите…

Концептот на спонзорирани објави и заработка преку блог ми е познат. Одамна сум зборувал дека не заработувам директно преку блогов но индиректно ми помогнал да ме најдат луѓе и да ме ангажираат. Веројатно да не беше комуникации.нет немаше да навлезам во тематикава толку многу. Затоа и самиот блог ми претставува место за тестирање на опции кои стануваа достапни во различни перидои од равојот на пазаров. Рано појдов и ја запознав Савица со цел да ставам код за банер од Httpool, ставав кодови од Google AdWords, станав официјален блогер на LeWeb, објавив спонзориран текст за Heineken и ред други работи…

Сум се наоѓал и од другата страна. Сум бил и тој кој преку NewMediaMK во кампањи ангажирал блогери за одредени клиенти. Секогаш се трудам тоа да биде најсоодветно можно, со максимална почит кон блогерите и кон нивната самостојност. Токму затоа без размислување прифатив да бидам дел од оваа мрежа на блогери.

Моите мотиви се транспарентни како и сите детали за самиот проект. Еве ги тука. Сакам од прва рака да следам како ќе се развива овој храбар потег на The Coca-Cola Company и сакам да помогнам и на нашиот пазар што е можно повеќе да се прифаќаат вакви иновативни пристапи во работата на компаниите. Меѓу другото затоа ја организираме и AllWeb, конференцијата на која пред неколку дена се дискутираше токму за „content marketing” и „influence marketing”.

За интегритетот…

Пред некое време ептен ми се допадна овој code of conduct на Еbuzzing. Затоа кога влегував во оваа приказна сакав да видам слични детали… и ги видов. Со други зборови, ќе бидам спонзориран блогер од The Coca-Cola Company но тие во ниту еден момент нема да влијаат на содржината на блогот. Идејата е еднаш месечно преку блог пост да отворам дискусија на одредена (генерална) тема. Деталите внатре се мој избор. Свесни се на кои теми пишувам… одлучиле дека тоа им одговара. Ако им одговара нив, ми одговара и мене.

Искрено, посакувам ова да прерасне во успешен проект кој ќе ги охрабри и другите компаниии во регионов. Се надевам дека ќе ги научи и ќе ги мотивира да научат и другите како се работи во ерата на социјалните медиуми и на долг рок ќе има повеќе вакви акции/програми за поголем број блогери да бидат помотивирани и поактивни.

За дискусијата…

Колегите од соседните земји веќе ги објавија своите први постови. Има(ше) интересни реакции, позитивни и негативни. Секој со својата публика и секој со своите мотиви. Во секој случај интересно. Би било супер да се споделат и ставовите на македонските блогери, на македонската публика.

Дали ти би се нафатил да бидеш спонзориран блогер? Под кои услови?

Овој текст е дел од акцијата на Coca-Cola System – Bloggers Network

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Coca-Cola ќе го гради капацитетот за огласување на регионалните блогови

  1. Ана Азгоур 22/11/2013 at 14:50

    На регионов одамна му треба вакво нешто, и ако ништо друго, се надевам дека барем ќе послужи како добар пример од кој што локалните бизниси ќе поднаучат нешто. Независните блогери во светот се на едно сосема поинакво ниво, и нивниот взаемен однос со читателите и следбениците се цени многу повеќе, и воедно многу паметно се користи од страна на компаниите да им се приближат производи, услуги и идеи на обичните корисници на интернетот и социјалните мрежи.
    Локалните бизнисмени треба да сватат дека публиката полесно и подлабоко се врзува за индивидуа која има свој независен став кон нешто, отколку кон компанија зад која стои цел маркетингшки и ПР тим кој ќе направи се само за да продаде повеќе.
    Значи – одлична иницијатива! Само напред 🙂

    1. Дарко Булдиоски 22/11/2013 at 19:10

      Фала Ана за поддршката, ќе се трудам да ја оправдам одлуката на кока кола и да поттикнеме повеќе да се вложува во блогерите.

  2. Pingback: Bloggers Network Coca-Cola ќе го гради капацитетот за огласување на регионалните блогови - Bloggers Network

Comments are closed.