Како што најавивме, во оваа епизода единаесета по ред од нашиот комуникации.нет подкаст зборувавме за претстојната конференција е-Општество и за темата на конференцијата е-Отпад. Имавме гостинка, Елена од Метаморфозис, таа успеа да одговори на сите наши прашања иако некои беа надвор од основната тема.
Конференцијата ќе се случува во среда и четврок (23-24 ноември), има интересна програма и работилници, а ако ја преслушате епизодата ќе го дознаете и изненадувањето кое го испланираа организаторите оваа година.
А штедливките?