[истражување] Жените и технологијата

Мислам дека нема потреба да појаснувам зошто жените како потрошувачи се исклучително важни за сечиј маркетинг план. На долго и на широко може да се вадат бројки за тоа колку се тие клучни во донесувањето на голем број секојдневни (навидум безначајни) одлуки за купување на ова или она. Секако, голем број компании добро ги имаат дефинирано во своите целни групи, но прашањето е дали соодветно ги комуницираат денес во ерата на мобилната технологија.

AdAge и JWT минатата недела извадија одличен извештај од истражување кое ги открива практиките на жените кога станува збор за употреба на технологија. Во воведот Beth Snyder Bulik вели:

Female users are the unsung heroines behind the most engaging, fastest growing and most valuable consumer internet and e- commerce companies. Especially when it comes to social and shopping, women rule the internet,” wrote Aileen Lee, a partner at the storied venture-capital firm Kleiner Perkins Caufield & Byers.

И не е само интеренетот во прашање. Ако го земеме во предвид фактот дека жените трошат 5 трилиони долари годишно, што претставува половина од БДП на САД, тогаш оваа публика во ниту еден случај не треба да биде занемарена од страна на маркетерите. Тука Melissa Lavigne-Delville истакнува:

“Until now the story has been about women catching up with men, whether that’s in use of mobile or using the net or whatever. But the next wave of women and technology is not just about catching up, but setting and influencing trends from social gaming to group buying and more,” said Melissa Lavigne-Delville, VP-trends and insights, NBC Universal.

Така AdAge си направиле фин примерок од неколку репрезентативни претставнички на женската популација во различна доба од својот животен век, па почнале да ги истражуваат нивните навики по неколку параметри. Во прилог се два графички приказа на интересни податоци, од кои првиот укажува на тоа какви навики за гледање различни видеа имаат жените на 3те основни уреди, мобилен телефон, лаптоп и пресонален компјутер:

Следниот податок е можеби најинтересниот во истражувањето, а ги разгледува жените како родители, односно нивните ставови за користењето на мобилниот телефон при комуникација со нивните деца:

Како што истражувањето покажува, многу од мајките со мали деца се повикуваат на својот мобилен телефон во надеж дека ќе си ги забавуваат децата или пак ќе ги смират бар за кратко. Нема причина да се посомневаме дека и кај нас постои истата ситуација, па оттаму и првичната позитивна реакција за (веројатно првата) македонската апликации за мали деца Умко.

За да ги прегледате останатите статистики за навиките и употребите на технологија од страна на америанските жени , погледнете го целосното истражување (PDF).

1 Comment [истражување] Жените и технологијата

  1. Pingback: Блог избор [Ноември, 2011] | Кригла Пиво

Comments are closed.