МТВ го суспендира законот

Дневник и денес продолжува со истражување на случајот од саботата кога МТВ директно го пренесуваше конгресот на ДУИ. (претходен пост) Во обид да дојдат до одговори од одговорните личности се соочиле со редовната пинг-понг практика во Македонија.

Тие се обиделе да добијат објаснување и преземање на одговорноста од директорката на МРТВ Гордана Стошиќ, од претседателот на собранието Љупчо Јордановски па дури и претседателот на државата им влегол во шема … подетално

Она што јас можам да го заклучам од целава ситуација е дека новиот закон за радиодифузија кој беше најавен како добар за сите страни (претходен пост) сепак не е така добар.

Имено според него, како што изјавува Стошиќ за Дневник: програмските сервиси самостојно решаваат за програмата и за нејзината реализација во рамките на постојните буџети

На ова кога ќе се додаде изјавата, односно интерпретацијата на новиот закон од страна на Снежана Трпевска, која вели: со новиот закон не се предвидени санкции, туку предупредување до прекршителите на законот. По две такви предупредувања, Советот е должен да го извести Собранието

МОЖЕМЕ слободно да извлечеме заклучок дека националната телевизија за која сите ние плаќаме е всушност телевизија која застапува крајно лични интереси.

Извор: Дневник

1 Comment МТВ го суспендира законот

  1. GoodBytes 22/11/2005 at 20:08

    „[МТВ] е всушност телевизија која застапува крајно лични интереси.“

    Точно. Така е и за целото време откако постои оваа куќа. Со тие цели е формирана, на тој начин е организирана, таква и била кадровската политика до денес, а и натаму.

    МТВ е телевизија која треба да премине во приватна сопственост. Нема што државата да изигрува медиум. А за важноста на МТВ за државните интереси (архивите, програми од државен интерес и слично), приватниот сопственик може да биде задолжен со закон.

    Верувајте, многу нешта ќе се постават на здрави основи тогаш. Наместо 2 милиони луѓе да се мислиме како да ги средиме нештата во МТВ, нека си мисли тој што од неа ќе остварува профит. Во моментов, МТВ е огромен трошок за нас како држава, а освен вработените таму, ниеден од нас нема вистинска потреба таа да постои, барем не каква што е сега.

Comments are closed.