Оправдано отсуствуваме минатата недела, AllWeb беше во петокот.

А сега се враќаме посилни од кога било со нов преглед во петок!
Ако имаш iPhone и скролаш на Facebook, задната камера снима
Ако имаш iPhone, големи се шансите камерата да ти работи додека скролаш на Facebook. Овој проблем излезе на виделина кога еден корисник на Twitter објави видео во кое се гледа дека задната камера снима додека тој скрола.
Проблемот се јавува во случај кога на Facebook му е овозможено користење на камерата. Кога нема дозвола, Facebook апликацијата пробува да ја уклучи, но iOS го блокира. Facebook изјави дека станува збор за bug и работи на случајот. Што приватност и безбедност? 🙂
WT Social – новиот ривал на Facebook
Смачено ти е од Facebook? WT Social е нова социјална мрежа која ветува дека нема да те спама со реклами или да ги продаде твоите кориснички податоци, креирана од основачот на Wikipedia.
Новата платформа има newsfeed налик на Facebook, но содржината е приоретизирана според она што е најново, наместо интеракции. “Рекламирањето дозволи лошата содржина да доминира на Facebook, а тоа нема да се случи со WT Social.”, изјави Jimmy Wales.
Од лансирањето во октомври до сега преку 160,000 луѓе направиле корисничка сметка на WT Social. Платформата е бесплатна, но нови корисници мора да почекаат за пристап. WT Social ќе функционира само од донации.
Ова звучи како многу добра и поздрава алтернатива, особено од Facebook. Сепак, големи се шансите дека троловите и политичарите ќе изнајдат начин да ја упропастат платформата доколку стане успешна.
Instagram тестира криење лајкови на глобално ниво и го копира TikTok
Тестот со криење лајкови се спроведува на глобално ниво
Тестот продолжува, а активен е и за дел од корисниците кај нас. Корисниците ќе можат да видат кој се им лајкува и колку лајкови имаат вкупно. На туѓи објави корисниците ќе гледаат неколку имиња од листата на заеднички пријатели. Можат да кликнат да видат кој сè лајкнал, но ќе треба рачно да ги бројат сите лајкови.
Грижата дека тестот ќе влијае негативно врз инфлуенсерите и креаторите е сè поголема откако HypeAuditor направи истражување во кое се гледа дека многумина од нив имаат помалку лајкови за 3% до 15% во земјите каде Instagram не го прикажува бројот на лајкови.
Без бројот на лајкови, агенциите нема да можат да верификуваат дали објавата има доволно интеракции за да извршат исплата на инфлуенсерот. Instagram ќе треба да најде начин ова да се реши, пример со приватен URL.
Ова е можеби финалниот чекор од тестирањето пред Instagram официјално да го лансира апдејтот во кој нема да гледаме број на лајкови. Интересно ќе биде да се види какво влијание има тестот врз менталното здравје, но исто така и како влијание има врз користеноста на апликацијата.
‘Reels’ mode, новата Instagram алатка за Story е копија од TikTok
Се сеќаваш пред неколку прегледи пишував за тоа дека Instagram ќе се претвори во TikTok? Епа ајде да се надоврзам на муабетот со Reels. Оваа алатка ќе им озвоможи на корисниците да креираат кратки видеа кои ќе можат да ги споделат и да направат ремикс, исто како TikTok. Ќе може да се стави и музика, а има и избор на креативни опции за едитување на самото видео.
Новата алатка ќе биде достапна само за корисници во Бразил на почетокот.
TikTok тестира линкови во био
Со повеќе од билион корисници на платформата, TikTok бара начин како да воведе монетизација. Затоа почна да тестира нова функција која им овозможува на корисниците да стават линк во био и на постовите. Овие линкови ги носат гледачите до производи кои ќе можат да ги купат директно од видеото.
Тоа што TikTok се реши да се монетизира е значаен сигнал за амбициите на платформата, барем во САД, каде тестот се спроведува. Замисли многу лесно да се прават пари на TikTok. Можеме да очекуваме дека голем број креатори ќе се префрлат.
Опцијата за криење на коментари на твитови е достапна за сите
После месеци тестирање, корисниците на Twitter ширум светот имаат пристап до опцијата да скријат коментар на свој твит. Значи нема бришење на твитови, а останатите корисници ќе може да ги видат коментарите на твојот твит со кликање на сивата икона што се појавува откако ќе биде скриен коментарот.
Нови промени во содржината за деца на YouTube
YouTube се најде во фокусот на голем скандал во февруари годинава токако блогерот Matt Watson објави 20-минутно видео во кое тврдеше дека YouTube “промовира педофилија”. После месеци работење на случајот и голем број блокирани канали, YouTube изјави дека ќе имплементира нови промени во нивната политика со цел да ја заштитат содржината во која има деца од педофили.
Секој YouTube канал ќе мора да биде во согласност со Children’s Online Privacy Protection Act (COPPA). Сите ќе мора да покажат дали нивната содржина е соодветна за деца или не. За да го направат ова, YouTube Studio ќе има нови подесувања за публика. Сите детали околку промените можеш да ги видиш во постот на YouTube Help.
Дали ќе биде подобро ако имаме само еден пребарувач?
Отсекогаш постоела битка помеѓу пребарувачите, битка за најдобриот и најбрзиот пребарувач. Како корисници, пребарувачите ни даваат клучни навигациони елементи кои ни помагаат да се движиме низ интернетот: копчето за дома, лентата за веб адреса, копчињата за напред и назад, зачувувани линкови, итн.
Но за дизајнерите и девелоперите е јасно дека пребарувачите играат многу поголема улога во корисничкото искуство отколку само она што корисникот го гледа на површата на неговиот екран. Постојат многу системи за рендерирање на содржина и прикажување на истата, па така гледаме различни резултати од пребарувач до пребарувач. Како резултат на тоа го имаме прашањето: Дали би било подобро ако имаме само еден пребарувач?
Бонус линкови
- #GonnaTellMyKids This is how brands leveraged this trending topic
- American robots lose jobs to Asian robots as Adidas shifts manufacturing
- Coca-Cola launches biggest ever Christmas campaign
- Spotify opened a record shop to showcase ‘living’ album covers
- Cybertruck: Tesla unveils new pickup truck but windows shatter during demo
Тоа е сè од денешната дупла доза преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.
До следниот преглед во петок. 😉