[Видео] Користење на социјалните медиуми од страна на претприемачите

Во петокот (19.11.2010 14.00 h – 16.00 h) во просториите на Дом на АРМ во рамките на Глобалната недела на претприемништво се одржа дискусија на тема Користење на социјалните медиуми од страна на претприемачите. Организатори на овој настан беа ЦС Глобал а учесници на панелот беа: Никола Бојков (@osogovo), Дамјан Арсовски (@arsovski), Филип Стојановски (@razvigor), Савица Поп Тонева (@ksavica) и јас.

Многумина бараа видео пренос во живо, но за жал не бевме во можност да го обезбедиме истиот. Затоа успеав на направам каква/таква видо снимка. Звукот и квалитетот на сликата не се баш најдобри но со оглед на околностите и ова е задоволително. За видеото морам и јавно да му се заблагодарам на Александар Радически (@AleksandarRadic).

Еве ја целата панел дискусија во 2 дела.

Дополнување 23.11.2010: Петар Спасовски (@pestislav) денес ми ги испрати неговите белешки од оваа сесија. Доколку немаш време и концентрација за да ги изгледаш видео клиповите задолжително прелистај ги овие две страници белешки. Фала Петар.

[notes] Social Media – GEW Macedonia

4 Comments [Видео] Користење на социјалните медиуми од страна на претприемачите

  1. Pingback: Tweets that mention [Видео] Користење на социјалните медиуми од страна на претприемачите | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

  2. Anonymous 23/11/2010 at 19:37

    Респект за тоа што сте го фатиле на камера!

  3. melbourne airport ex 21/11/2012 at 04:46

    Why did the chicken cross the road half way? He wanted to lay it on the line!

Comments are closed.