Дефинитивно не го бива

Пак за новиот закон за радиодифузија. “Сиротиот” уште не почнал да се спроведува а веќе му ги открија дупките и се побунија против нив. По претходните проблеми кои произлегуваат од него (претходен пост) на повидок се и нови лоши страни.

Веста ја пренесе Канал 5

Радиодифузна такса ќе плаќаат сите компании без оглед дали имаат или не телевизор. Ова го предвидува новиот Закон за радиодифузна дејност што деновиве стапи на сила.
Во поголемите компании кои треба и најмногу да одвојат за МРТВ веќе негодуваат. Велат кај нас нема телевизори и нема време за тоа, а треба да плаќаме гледале или не гледале. Реагира и Услужната комора од сојузот.

Интегрално Членот од законот преземен од веб страницата на Советот за радио дифузија (се надевам дека страната е апдејтирана и дека ова е новиот закон) гласи вака:

Радиодифузна такса плаќа секој корисник на радио и телевизиски приемник.

По исклучок од став 1 на овој член Владата на Република Македонија на предлог на Советот ќе определи кои корисници на радио и ТВ приемници, како и подрачја кои не се покриени со квалитетен радиотелевизиски сигнал, нема да плаќаат радиодифузна такса.

Семејното домаќинство како корисник, независно од бројот на радио и ТВ приемниците што ги поседува, плаќа една радиодифузна такса.

Претпријатијата и другите правни лица, освен државните органи и воспитно-образовните организации и јавните здравствени организации плаќаат радиодифузна такса за секој радио и ТВ приемник што ги поседуваат, како и за приемниците вградени во нивните моторни возила.

По исклучок од став 4 на овој член, хотелите и другите угостителски објекти и социјални институции плаќаат по една радиодифузна такса за десет соби опремени со радио и ТВ приемник, а секое друго правно и физичко лице, освен радиодифузните организации, плаќа по една радиодифузна такса за 20 вработени чии работни места се опремени со радио и ТВ приемник.

Корисниците од ставовите 4 и 5 на овој член кои поседуваат само радио приемници плаќаат 1/3 од утврдениот износ на радиодифузната такса. …целиот закон

Извор: Канал 5 и СРД

1 Comment Дефинитивно не го бива

  1. Anonymous 23/11/2005 at 08:18

    neka dojdat da mi naplatat u firma 🙂

Comments are closed.