Пред некое време во весник видов една реклама за MaxADSL со една млада (24) дизајнерка на која и бил неопходен интернетот. Рекламата ич не ми се допадна пошто прикажната беше ептен апстрактна. Онака дизајнерка? звуччи тренди, ама што е тоа? што дизајнира? облека? мебел? графика?
Е денес веќе пронајдов поарна реклама :). Дарко, 29 години, блогер, и замислете не сум јас, а и немам 29 години (статива). За да не раскажувам еве го скенот.

И сега нормално еден линк за спуштање на земја, за да не изгледа дека им правам класична реклама на МТ. р-Еволција доволно е 😉
Дарко блогер, јави се? Како ти е презимето? Зошто забораваш да кажеш дека твојот пакет има месечен лимит од 512 MB и дека кога ќе ги надминеш (првите 2 часа) плаќаш по 210 ден за секои започнати 512 MB?