Во дванаесеттата епизода од комуникации.нет подкаст ни гостуваа Љубица (Бубе) и Душко Арсовски (и двајцата долгогодишни новинари) дел од тимот кој стои зад diversitymedia.mk. Диверзити Медиа Продакшн (ДМП) е непрофитна организација формирана со цел да го унапреди професионалното новинарство, да придонесе кон поголема слобода на говорот, како и да даде поддршка на демократијата и плурализмот во Македонија.

Муабетевме скоро 1 час и се обидовме да не отвараме премногу теми за медиумите и новинарството во Македонија со цел повеќе да се фокусираме на она што е директно врано со активностите на ДМП. Зборувавме за нивната работа, за анализите (прилозите) кои тие ги прават, за обуките и можеби во дадениов момент најважно зборувавме за конкурсот за блогери.
ДМП има актуелен конкрс кој трае до 31 јануари 2012 во кој тие повикуваат блогери да пријават свои блог постови со новинарска (актуелна) тема за да се натпреваруваат за три парични награди. Деталите ги има кај нив на сајт а далеку подетално за ова тема зборувавме во вториот дел од овој подкаст. Слушајте, пријавете се и добијте една од наградите!
Мораше Кузевски да се испофали со своето владеење на кошаркарската терминологија (Run&Gun), брееееј 🙂
Тие сме тие, јас и Иге Pick and Roll :))