По се изгледа Coca-Cola ме мотивираше почесто наместо да кликнам Share да кликнам New Post, и тоа некако ми се допаѓа… Oва не би било точно кога не би пишувал краток блог пост со едно видео во 1 саат по полноќ во недела навечер.
Ако малку од малку си ме фатил на нет знаеш дека веќе некое време сме опседнати со content marketing, и дека сите ние кои се „палиме” на таа тема често како мантра го спомнуваме BuzzFeed. Благодарение на еден линк споделен од @varagic еве го последното од серијата 6 кратки видеа кои го составуваат целото интервју со Andy Wiedlin (Chief Revenue Officer) од BuzzFeed.
Интересна е поделбата… и одлуката да се одвојат „бркачите” на посети со оние кои треба да објават содржина која ќе се поврзе квалитетно со брендовите (огласувачи). Во секој случај вреди да се подразмисли на таа тема и на предностите кои овој концепт го носи.
Секако ако ова се обидеме дури и во најлудите соништа да го гледаме низ локална пракса, првата реакција би била: немаме ние толку пари за да вработиме толку луѓе.