158 #ПрегледВоПеток – web 3.0, NoCode, Fold AR, Spotify…

Покрај новата епизода на #комкаст скоро сите четива за читање оваа недела гледаат малку подалеку од сегашноста, далеку од нас, односно во работите што за некоја недела ќе ги наполнат листите со трендови за 2022 година. Ама ајде по ред, прво од она што ни е познато..

#комкаст на тема дигитална трансформација

По којзнае кој пат оваа недела куцам дигитална трансформација, ама таков си е редот, за убаво е. По најавата на почетокот на неделата и првата епизода објавена вчера еве ветувам дека неколку дена нема да куцам на оваа тема… Ама само да ви кажам дека #комкаст продолжува овој пат во партнерство со А1 Македонија и тоа со 10-тина нови епизоди посветени на теми поврзани со дигитална трансфорамција. ОК доста е… кликај!

It.mk со претплата

Не знам дали е многу ново или јас сега забележав, ама честитки од мене до тимот кој стои за ит.мк, супер потег, конечно некој да се охрабри да испроба претплата нешто што е веќе нормално во светот на дигиталните медиуми низ светот последните 3-4-5 години. Немам многу детали освен она што јавно може да се види, ама ветувам дека наскоро, кога ќе потсоберат малку повеќе податоци и искуство, ќе има или епизода на #комкаст со Дамјан или некој друг од таму, или барем некое подолго интервју тука на блогов. Сега за сега, само пофалби, честитки и желба за успех.

Web 3.0 и The Metaverse

Сите ние кои се сеќаваме дека пред social media имаше нешто што го викавме web 2.0 нема толку многу да се радуваме на web 3.0 затоа што знаеме дека тоа му е само преодно име, а преодот може да биде токму во метаверс, или како и да се преведува тој збор на наш јазик. Како и да е, нашиот драг пријател David Armano има добар текст кој може да не воведе во темите и да ни помогне да сфатиме зошто ова се buzz термини што ќе се повторуваат каде треба и каде не треба во 2022.

Society is already grappling with a pace of change that technology advances upon our human brains which struggle to process. Sure, there will be people who make the case that the metaverse is safer in many ways than the real world. For example, there were no fatalities when Travis Scott hosted a metaverse event in the virtual world of Fortnite. But as we’ve seen in places like Myanmar, Ethiopia, and in the hearts and minds of both adolescents and adults—what happens in the metaverse, doesn’t always stay in the metaverse.

No-code алатките се иднината на визулената уметност

Иднината на т.н. creator economy ќе биде под големо влијание на алатките со чија помош значително се оелснува креирањето на визуелна содржина. Овие алатки ги елиминираат потребите од познавање на сложени програмски јазици и стануваат достапни за уметниците. Abigail Hunter-Syed, Partner од LDV Capital во својот текст објавен на Venture Beat разгледува некои нивни последни истражувања кои навлегуваат подлабоко токму во овој тренд.

Не би рекол храбро, само можеби малку пооптимистички, но според него во иднина ќе има многу повеќе лајв стримови, уште повеќе фотошоп, cgi и сл. специјални ефекти, анимирани видеа со помош на вештачка интелигенција, гејмифицирана содржина, и секако нови дигитални „суштества” да не речам битија. Не така далечно, а фино да се прочита: Deep tech, no-code tools will help future artists make better visual content

Играј Pokemon Go и заработувај биткоини

Добро не е баш Pokemon Gо туку се вика Fold AR ама е направена од истата компанија која ја прави и Pokemon Go, Niantic. За оваа игра компнијата соработува со финансикста компанија Fold се со цел да ја направи поактуелна ама и попривлечна. А како да не е привлечна кога сега во играта може да заработувате биткоини.

Разликата е што тука наместо да собирате монстерчиња, механиката на играта вклучува наоѓање на коцки со бинарни кодови кои ги редите нешто налик на Minecraft се додека не ја откријат наградата што ја кријат во себе. Слична но и по многу други детали доста различна. Ако биде популарна барем дел од она што беше Pokemon Go, вреди да се следи уште сега.

TikTok ги ангажира BuzzFeed

За прв пат од своето постоење TikTok соработува со медиум со цел креирање оригинлна содржина за неговата плаформа. И тој прв пат ни по малку ни повеќе е со buzzFeed. Договорт ќе трае една година, и ќе се однесува на креирање на оригинална видео содржина која стартува со серија видеа “I Made This”.

Spotify го замени shuffle копчето на албумите

И за крај, веста на неделата! Благодарение на Adele, ние старошколските слушачи на мзика кој сепак не користиме вокмен туку Spotify ќе го имаме на едек клик задоволството да слушаме албум како што и се слуша албум, по ред! Од сам старт кога почнав да користам Spotify ужасно ме нервираше што дури и на албум најголемото зелено копче беше shuffle а не play. Ми има логика на плејлисти особено оние кои автоматски ги генерира сервисот, ама на албум никако. Благодариме Adele, продолжи така и брани ја честа на историјата кога не се вадеа само синглови туку се снимаа албуми со концепт.

Што зарем не го изгледа/преслуша послендиот #комкат? Еве ти и тука видео…

Бонус линкови

До следното читање…

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.