111… Добар знак!
Денес е мој ред да ви раскажам што се случуваше изминатава недела, освен burnout… Тоа ќе го оставиме за друг пат! Да не должам многу!
Првиот дел од овој #ПрегледВоПеток е за оние што ги интересира UX… и не, немој да помислиш дека јас сум некој експерт за тоа, но обожавам да читам и дознавам нови работи… Особено кога се работи за психологија на корисници… well, marketing!
Психологија на корисници
Ние сакаме да ги етикетираме корисниците… ирационални, мрзеливи, непредвидливи, одлучни, и на некој начин ова можеби е вистина затоа што ние не сме машини. Но, постојат одредени навики според кои можеме да ги предвидиме одлуките на нашите корисници.
За да создадат задоволувачко дигитално искуство, UX дизајнерите треба да бидат свесни и да ги поддржуваат овие когнитивни навики.
Хеуристика – Човечките суштества користат психолошки тактики и пристрасност за брзо донесување одлуки. Овие ментални кратенки се нарекуваат хеуристи. Ние користиме хеуристика во секојдневниот живот, но особено сакаме да ги користиме со софтвер.
Ние не ги следиме овие модели поради мрзеливост или затоа што сме расеани. Сосема е рационално да се искористат хеуристите како корисник затоа што…
- Во дигиталниот свет нема пенали ако не сте во право. Цената на повеќето грешки е близу до нула.
- Безгрижното кликнување е позабавно бидејќи од секој клик добиваме мала доза на допамин.
- Веб страниците можат да бидат комплицирани, но ние повеќе сакаме да донесеме одлука сега во моментот и да си продолжиме со животот.
- Страницата ни овозможува брзо движење од една до друга одлука, со многу побрзо темпо отколку физичкиот свет.
Најчестите хеуристи што ги користат корисниците
- Задоволство – Комбинација на зборовите „задоволи“ и „доволно“. Тоа значи да се задоволите со првата разумна опција што ја најдовте, без да го разгледате целиот пакет на можности. Ние не го бараме вистинскиот одговор – ние бараме што е доволно добро.
- Аверзија на загуба – Загубите се појавуваат како поголеми од придобивките во нашиот ум. Се смета дека болката при губење е двојно поголема од задоволството кое ќе се добие. Вложуваме повеќе работа и преземаме повеќе ризици за да избегнеме загуби, отколку што правиме за да оствариме добивки. Дел од теоријата на Проспект.
- Достапност – Луѓето извлекуваат заклучоци врз основа на она што веднаш им паѓа на ум. Ние, луѓето, им даваме големо значење на работите што ги прегледуваме набрзинка и работите што веќе ги гледаме пред нас.
- Замор на одлука – Донесување на многу одлуки ја намалува способноста на една личност тие да бидат рационални. Исто така е исцрпувачки.
- Референтна зависност – Човечките суштества немаат вроден начин да ја одредат апсолутната вредност. Значи, ние одредуваме вредност споредувајќи една работа со друга. Ние правиме пресуди во релативна, отколку апсолутна смисла.
- Пристрасност кон status quo – Освен ако не постои попривлечна опција, луѓето најверојатно ќе се држат до стандардните работи. Со други зборови, имаме тенденција да не ја менуваме утврдената состојба.
- Законот на Хик – Бројот на присутни стимули влијае на времето и напорот потребни за да се донесе одлука.
Што треба да направите? Прочитајте повеќе на линкот.
Graffiti – новиот кириличен фонт
Доколку сте љубител на графити културата, и општо на таа естетика, топло ви го препорачувам новиот кириличен фонт на Dreadpen.
Кратко и јасно.
Најпознати брендови во 2020
Инсајдер по четврти пат го спроведе истражувањето “Преферирани маркети и најпознати брендови според потрошувачите во С.Македонија” од кое се објавуваат и ТОП 3 Маркети. Оваа година за разлика од претходните, се изработи дел за најпознати брендови во категории. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,700 активни потрошувачи на територијата на целата држава. Потрошувачите одговараат на прашањето “Кој е за Вас напознат бренд во категоријата Х?” според кое се прави и самото рангирање на производите. Анализата вклучува повеќе од 200 брендови, домашни и странски кои се поделени во 17 категории на производи.
За да дознаете кои се најпознати брендови прочитајте на нивната страница.
Поткаст културата на Балканот
Дали забележавте дека се почесто гледаме локални поткасти? Дојдов до една статија за бугарската поткаст сцена која е во пораст и сакав да го искоментирам тоа во овој преглед во петок.
Мислам дека поткаст сцената на Балканот сериозно ги сфати бенефитите и трендот на поткастите. Јас, лично, одамна слушам поткасти, но секогаш на англиски бидејќи не сум имала опција да слушнам нешто локално. Најчесто слушам поткасти затоа што немам доволно време да седнам и да гледам, туку сакам да слушам додека готвам, јадам, додека се движам или пред спиење.
Мислам дека поткастот е сериозен медиум и дека треба да се има во предвид… особено кога се работи за вести, новости, мислење на одредени теми.
Постојат видео и аудио поткасти, но мислам дека ако снимаш поткаст секогаш треба да имаш аудио верзија, бидејќи тоа е суштината.
Македонски поткасти
- #комкаст – ова е поткастот кој го правиме ние, сигурно веќе знаете! Доколку сакате да научите како да започнете со ваш поткаст – слушнете ги нашите претпоследни епизоди.
- Pandamonium Radio Show – хибрид на радио емисија и поткаст, каде се пушта нова хип хоп музика и се зборува на разлчни теми поврзани со културата. Може да ги слушате во живо на нивниот mixlr канал секој понеделник од 21ч. или да ги слушнете епизодите на Spotify, Anchor и Mixcloud.
- #CelebrateLife – Индог е ликот кој стои позади ова, и доколку сакате да слушнете најразни муабет со кул луѓе кои ја споделуваат нивната приказна – овој поткаст е за вас!
- Јустинијан збори – поткаст во кој Џоле, Донев, Тромбе и Кате заедно со нивните гости зборат за право, политика и сите работи помеѓу.
- Скратен Корнер – овој видео поткаст е за фудбал. Не следам спорт, но знам дека постојат, па го препорачувам за оние кои сакаат спортски поткасти. Единствено нешто што би им препорачала како слушател на поткасти – да си направат и аудио верзија на истиот, бидејќи моментално се само на ФБ.
Кои се вашите омилени локални поткасти? Или каков поткаст би слушале на македонски?
Бонус линкови
- 5 Smart Tools to Boost Your Digital Marketing in 2021
- Facebook’s latest ad tool fail puts another dent in its reputation
- Spotify was down for nearly an hour today
Убав викенд, се читаме во следниот преглед во петок!