Мурдок се освести пред неполна година

Директен повод за овој текст ми е постот на Јован, насловен Мурдок се освести од сонот … и си купи провајдер. Веќе неколку месеци наназад ги следам активностите на Мурдок (пост 1, пост 2, пост 3, пост4) и според последниов текст на Медиа Гардијан, кој го има цитирано и Јован можам да воочам дека Мурдок преминува во следната фаза на својата експанзија.

Rupert Murdoch has forecast a gloomy future for newspapers with the growth of the internet, saying he doesn’t know “anybody under the age of 30 who has ever looked at a classified ad”

А што друго ги кажал сопственикот на Propertyfinder.com
Очигледно човекот сфатил дека стекнал (читај купил) предиспозиции за да може слободно да започне со пропагирање на новите медиуми.

А сите ние знаеме дека тој влезе последен, ама тоа во овој капиталистички свет изгледа не е важно. Одсега весниците нема ич да ги бива, се што е online ќе биде најдобро, само затоа што чичко Мурдок ќе реши така да биде.

Ама дали дечките од Google, Yahoo и останатите ќе му дозволата да се прави фраер на туѓ терен допрва ќе треба да видиме.

1 Comment Мурдок се освести пред неполна година

  1. moby 28/11/2005 at 17:02

    proba.

Comments are closed.