Најавувајќи ги плановите за иднината, на конференцијата на Business Insider, IGNITION можеби најинтересна реченица од новините на LinkedIn е дека воопшто не е загрижен за Facebook. Главниот извршен директор, Jeff Weiner е убеден дека луѓето се уште сакаат да ги одвојат своите приватни и професионални животи и на социјалните мрежи. Можеби тврдењето може да се поткрепи со анализа на берзата на двете компании, каде LinkedIn стои на цврсто тло, а Facebook доживеа пораз.
Јас не сме толку убедена во горново тврдење, но вреди да се пренесат сите новини кои ги планира оваа мрежа во наредните 5-10 години. По воведувањето на виралното “endorse” кое се чини дека навистина зема замав и им е интересно на корисниците (во просек има 50 милиони неделно), амбициите и апетитот на LinkedIn за развој стануваат многу големи. Амбицијата оди до таму што Jeff Weiner вели дека секоја работна позиција во светот и потребните способности за истата ќе се дигатилизираат, како и профилот на секој индивидуалец, компанија и бренд.
Со ваков развој, LinkedIn во наредните 10 години се очекува да стане единствен извор на квалитетна работна сила, како и кавлитетни работни позиции и да го направи регрутирањето исклучиво дигитален процес.
За да го поддржи горното, мрежата планира многу чекори однапред, во поглед на анализа на понудените работни позиции и достапните ресурси и способности за овие работни позиции, во секој регион одделно. На кратко, LinkedIn ќе биде медијатор при подготовката на работната сила од страна на компаниите за идната работа и ќе им ги посочи вистинските работници за потребите на компаниите во вистинско време. Jeff Weiner се послужи со терминот “social graph” за да го објасни својот “economic graph” на кој планира да се фокусира во идните години и да ги оствари плановите.
На страна од фокусот на вмрежување на компании и потенцијални вработени, LinkedIn станува поголема империја на бесплатно огласување на најзначајните бизнис новости и објавување оригинални содржина од највлијателните корисници на мрежата. Оригиналната содржина е онаа која е поддржана и поттикната од алгоритмите на LinkedIn, бидејќи според анализите таа достигнува најмногу споделувања преку различни корисници и ја носи веста до LinkedIn Today.
Иако преамбициозни, најавените планови ми се допаѓаат и навистина сум нетрпелива да видам како сето тоа ќе се развивa, а пред се да видам како ќе влијае на навиките на луѓето за користење на социјалните мрежи за прибирање квалитетна, оригинална содржина, а секако и за наоѓање бизнис можности за себе и својата компанија.
Вие колку често отворате LinkedIn?