Здраво пријатели на маркетингот, новите технологии и дигиталната транспарентност. Еве сме пак после две недели со тазе линкчиња за Прегледот бр. 9.
- Новото истражување на Hub Research покажа дека 52% од ТВ публиката во САД претпочита гледање на омилените серии преку дигитален извор, како што е Нетфликс. Ова е прв пат дигиталните извори да доминираат над телевизијата во живо и video-on-demand.
- Германија ги забрани паметните часовниците за деца. Ова е одлука која може да биде една од клучните за развојот на уредите со интернет конекција, како и генерално за Internet of things.
- Од ден на ден сме сведоци на нови начини на употреба на чет-ботовите. Последна новост е нивното користење за купони и слични промотивни понуди. Се очекува преку чет-ботови во 2018 да бидат поделени околу 60 милиони купони. Дали може да очекуваме некое ботче од Групер наскоро, со оглед дека секогаш ги следат најновите трендови во маркетингот?
- Во време кога сите зборуваат дека сѐ помалку може да се налета на добра содржина, не е на одмет да се потсетиме на 6-те карактеристики на добриот пишување.
- Се ближи крајот на годината, а со него и листите со трендови на кои ќе треба да внимаваме во 2018. Ќе има многу утки се разбира, но не е лошо да се читне, чисто да се потсетиме на кои аспекти од нашето работење им треба подмачкување.
- А еден од трендовите секако ќе биде новиот лајв на Инстаграм, поточно можноста да се вклучите во нечиј лајв стрим на негово или ваше барање. Ова е нешто што ќе понуди интересни опции за креаторите на содржини – вклучување на лица од публиката, одговарање на прашања и слично.
- Еден од најпопуларните сервиси за мејл маркетинг MailChimp додаде нова функционалност, мошне логична за типот на услуги што ги нуди – креирање на лендинг (целни) страници. На овој начин целата кампања ќе може да ја планирате и спроведете преку нивниот интерфејс.
- За крај нешто практично – слушнавте сигурно дека излезе новиот Firefox Quantum кој беше претставен како побрз и помалку „RAM consuming“ од конкуренцијата. Ако решите да го пробате, еве упатство како најлесно да се префрлите топтан во новиот браузер.
Читајте, споделувајте и праќајте ни ги интересните линкови на кои ќе наидете. Поздрав.
Great job Darjan 😊