9 #ПрегледВоПеток

 

Здраво пријатели на маркетингот, новите технологии и дигиталната транспарентност. Еве сме пак после две недели со тазе линкчиња за Прегледот бр. 9.

  1. Новото истражување на Hub Research покажа дека 52% од ТВ публиката во САД претпочита гледање на омилените серии преку дигитален извор, како што е Нетфликс. Ова е прв пат дигиталните извори да доминираат над телевизијата во живо и video-on-demand.
  2. Германија ги забрани паметните часовниците за деца. Ова е одлука која може да биде една од клучните за развојот на уредите со интернет конекција, како и генерално за Internet of things.
  3. Од ден на ден сме сведоци на нови начини на употреба на чет-ботовите. Последна новост е нивното користење за купони и слични промотивни понуди. Се очекува преку чет-ботови во 2018 да бидат поделени околу 60 милиони купони. Дали може да очекуваме некое ботче од Групер наскоро, со оглед дека секогаш ги следат најновите трендови во маркетингот?
  4. Во време кога сите зборуваат дека сѐ помалку може да се налета на добра содржина, не е на одмет да се потсетиме на 6-те карактеристики на добриот пишување.
  5. Се ближи крајот на годината, а со него и листите со трендови на кои ќе треба да внимаваме во 2018. Ќе има многу утки се разбира, но не е лошо да се читне, чисто да се потсетиме на кои аспекти од нашето работење им треба подмачкување.
  6. А еден од трендовите секако ќе биде новиот лајв на Инстаграм, поточно можноста да се вклучите во нечиј лајв стрим на негово или ваше барање. Ова е нешто што ќе понуди интересни опции за креаторите на содржини – вклучување на лица од публиката, одговарање на прашања и слично.
  7. Еден од најпопуларните сервиси за мејл маркетинг MailChimp додаде нова функционалност, мошне логична за типот на услуги што ги нуди – креирање на лендинг (целни) страници. На овој начин целата кампања ќе може да ја планирате и спроведете преку нивниот интерфејс.
  8. За крај нешто практично – слушнавте сигурно дека излезе новиот Firefox Quantum кој беше претставен како побрз и помалку „RAM consuming“ од конкуренцијата. Ако решите да го пробате, еве упатство како најлесно да се префрлите топтан во новиот браузер.

Читајте, споделувајте и праќајте ни ги интересните линкови на кои ќе наидете. Поздрав.

1 Comment 9 #ПрегледВоПеток

  1. Dona 29/11/2017 at 13:42

    Great job Darjan 😊

Comments are closed.